Kсамил:
Море: 10/10 - Јонско, тиркиз, топло, стакло, бела песок, солено, но за разлика од Средоземно не чеша. Поима немам зошто.
Детево од вода не излезе, буквално.
Плажи : 8/10 - Има неколку заливи, дел песочни дел карпести, дел со кафичи и хотелски. Кој што сака. Јас бев на Paradise beach , секогаш на исти лежалки. од сунѓер, до 14ч е под сенка, а после цело попладне е на сонце до крајот на денот. Од чамци, педалинки, моторчиња за вода , глисери за изнајмување имаше се....али не очекувајте плажа на километри како Неи Пори..Генерално мали се, али скоцкани добро.
Цени: 9/10 - Нескафе на плажа 100 денари, сладолед на плажа 50 денари, пица во кафич 250 денари. Во градот, Донер/Гиро 100-120 денари, омлет 120 денари, морски куп 300 денари. Леб. месо , овошје, зеленчук се зима од таму, ефтино, тазе и вкусно. Ништо не земав од дома, ниту невестата имаше потреба да зготви нешто. 9/10 е затоа што едино лежалките се прескапи ( 1000 леки/ 9 евра за 2 со чадор без пиење).
Народ: 7 /10 - Налетав на французи, германци, многу пољаци, понекој наш и албанци али од оние што се сунчаат по танги и со тетоважи. Чат пат има по некој сурат дивоградба али од нив нема и немало спас. Генрално културни луѓе, млади парови или фамилии со мали деца. На пензионери не налетав. За викенд има падобранци кои возат малку побрзо отколку што треба по улиците али тоа тие...затоа 7/10.
Смештај: 8/10 Вилата во која бев сместен , а и другиве се ганц нови. Климатизирани, чисти, нови , модерни. Едино мојава се погоди на источна страна па сонце пукаше рано сабајле и морав да затемнувам со пешкири.

Знаменитости, организација и инфраструктура на местото: 3/10 - Местово уште се гради, главните улици се мазно асфалтирани, но голем дел од споредните не се, односно се покриени со чакал и спремни заасфалтирање. Тротоари скоро и да нема, а класично шеталиште не видов. Надвор од центарот улиците се тесни и зафатени со паркирани возила, па мораш да се тргаш на секоја кола која поминува. Топрв треба да го заличи местото кога не си на плажа или во соба, пошто сега центарот навечер е ко да си излегол во Гостивар.
Секако има ресторани, повеќе и помалку луксузни, слаткарници, палачинкара/вафлара, се...Али, има уште многу работа да го заличи на прав туристички центар иако генерално местото е чисто, без ѓубре иако канта за ѓубре не видов.
Коли: 7/10 AMG-а има повеќе од Голф 4 ки кај мене во населба. Имаше и еднa Голф 7 ца ГТИ ТЦР али се губеше покрај Ес класа АМГ купе.
По некое Ламборџини, али од масл освен еден Мустанг на разминување...ништо.
Пат до таму: 7/10 - Јас возев низ Албанија ( не преку Грчка) и да не морав да го возам Скопје - Струга, оценката би била мнгу повисока.
Скоро 600 км Гранд Тур Албанија - во еден правец по кривини, планински делови, и многу , многу убави пејсажи.
Да, патот е двосмерен , но е нов , коректен, означен и на места предизвикувачки. Препорака до сите е барем еднаш да го извозат, поготово последните 50 км пред Ксамил. но никако ноќе. Кој го возел, знае на што мислам.
Инаку, разочарувачки и срамота е после 5 саата возење по путер двосмерен пат низ една Албанија, да те дочекаат македонските струшки дупки на патот ама буквално одма после граница, како и 5 километарска редица од Стража до Гостивар, за да слууучајно не заборавиш дека си се вратил во Шупакленд.
Воедно, многумина ми кажаа дека патот преку Грција е милина, освен ако не заглавиш на граница како пред некој ден луѓево што окапаа 4 саати со сите ленти полни, а и ќе ги избегнеш оние со скапани Пасати, Голфови БМВа , Мерцедеси и најчесто минибуси и комбиња кои за беља се понашаат најнеодговорно по пат за разлика од другиве.
Догодина и јас би одел преку Грција, али да убодам утрински термин на граница.
Тоа е тоа.
Се на се задоволен.
Инаку, во Ксамил не се оди во август бидејќи цела администрација колективно иде на одмор и после 1 август до септември нема игла кај да падне, а и цените се повисоки.