Пошто сакам малку да сменам, во грција не ми оде (еднаш веќе бев), во Охрид бев лани, сакам да пробам неколку дена краток одмор во Претор. Дали некој случајно е бил таму последните години какво е преспанско езеро? Дали е ок да се бања или да не ризикувам да си одам пак Охрид? (евентуално пак грција иако не ми се оде искрено)
Последен пат на преспанско сум бил пред 15 год. Сакав да го посетам пак
Ситуацијата беше трагична пред 2 години.
Заради недостаток на снег и дожд, водостојот беше драстично намален.
(Во слободен превод: тиња 5 метри)
На тоа езеро, бидејќи државата никако не го помага, му треба _дебел_ снег зимоска на планините, за да го наполни на пролет.
Последниве сезони ги знаеш... не сум начекал нешто по вести, ама ако прашаш некој локалец, којзнае што ќе ти каже за годинава...
СЕПАК, би отишол на Дупени Бич.

Сериозен сум 100%.
Домаќинот на плажата и барот/кафанчето ти е еден од милион човек.
Самото место е лудило - комплетно надвор од сиот тој микс на лоши енергии.
Би ти рекол, земи куќичка Претор - вози секој ден до Дупени едно 10 минути...
Многу подобро од седење таму цел ден...