Јас викендиве бев во хотел Лебед, на само шеталиште во Охрид, супер хотел, голема соба и многу чист, плаќавме 45 евра со доручек, го препорачувам. Не одам пак бидејќи несакам да палам кола за на плажа.
Бев и во хотел Мизо, на сама плажа супер за со деца, одлично организирано за на плажа, смее само на лежалка а лежалки нема многу плус бесплатни за гости на хотелот, хигиената ОК, собите дискутабилни, ефтини во споредба со Лебед. Цената беше 55 евра со доручек. Ако некој нема проблем со братство единство моментот не е лош хотелот.
Во Банско и околина плаќаме по 50-60 евра со доручек за хотели кој се презентирани како луксузни а всушност се малку подобри од детски одмралишта. Така да сметам дека цените од околу 60 тина евра за хотели како Инекс, Метропол, Белви итн... не е многу.
Цените на хотелите по големите европски градови да не сум бил не би ги коментирал, ама во Виена редовно плаќаме по 100 евра за двајца во Ибис кој е далеки од хотел кој е цел комлекс со спа, плажа, игралишта, трим патеки за шетање и џогирање итн ... хотел како Инекс во Виена неможам да си дозволам. Да сум сам без жена и деца можеби ќе преспијам во шупине кој ги даваат за ич пари и кој немаат прозори, ама за со фамилија и за годишен одмор не се страшни цениве оваа година во Охрид.