@NeVeNR не ми ги дирај Чехињите, пошто ќе се караме!

За мене единица мерка за убавина на еден народ, е бројот на жени кои ќе ги видам во даден временски период од едно просечно шетање, а за кои ќе си кажам под брк „уфф, како би ја натегнал оваа“. Според овој критериум само Словакињите ги ставам пред Чехињите, најмногу убави жени меѓу обичниот народ. Значи не зборувам за манекенки и глумици од телевизија, туку за жени кои можеш дење да ги видиш надвор.
За мажите не знам, нив не ги гледам.

Ех, за цените. Во Швејк не сум бил, но сум бил во 3-4 други ресторани во Прага. Цените за готвено јадење како патка во сладок сос, со предјадење и пијачки беа малтене исти како во просечно скап ресторан овде во Скопје. Имаше и помали места каде беше и осетно поевтино, понастрана без туристи и со мештани. Лагери и секакви други чешки пива од Гамбринус и Старопрамен, беа од 25 до 30 круни. Ова е испитано во ДЕСЕТИЦИ пабови.

Бад не го љубам многу и затоа не го спомнувам, дури ни чешкиот (а америчкиот е гола вода како и повеќето нивни „пива“).
Штета што не ги сликав сметките, често не ми веруваат за ова. На следно одење обавезно ќе документирам.
За „најотмените“ кафе шопови и другите кремски места навистина не знам, нив ваљда природно ги одбегнувам каде и да одам. Сигурно се скапи, секаде има скапи места како Воденица кај нас. Само што Воденица не е репер за сите кафани/ресторани во Македонија, така? Исто како што вметни-го-најскапиот-кафич во Прага не е репер за просечна цена на кафе во Берлин.
Моја шема се пивници и пабови каде што оди обичниот народ. Ресторани за кои или имам прочитано на Трипод и Лонли Планет, или кои имаат ценовници пред влезот. Не сум толку богат да идам во места како Швејк и Воденица, како Микиус.

Јас бев таму пред 3-4 години, не знам ако одтогаш се имаат сменето работите со цените и имигрантите. Лично не верувам, пошто Чешка заедно со Полска, Унгарија, Словачна, не дозволија организиран увоз на имигранти. Чакштовише донесоа
закон со кој самите граѓани може сопствено оружје легално да го употребат против терористи во случај на терористички напад.
За тие наводни 200к имигранти прв пат слушам. Не сум го имал тоа задоволство да ги посетам пограничните села, возев директно во П’лсен, Карлови Вари, па во Прага. Ваљда затоа не сум ги видел Виетнамците? Не велам дека не е така, не знам. Како и да е, јас таму секако не гледав питачи и црнци (или виетнамци/кинези) на секој чекор. Никој не ме замараше и не ми досаѓаше да купувам ретардирани непотребности со нападна и досадна упорност. Ниту па некој ме гледаше како ајкула што гледа потенцијален оброк. Во ниеден момент не се чуствував како да треба внимателно да пратам се окулу мене (баш како што Мики бил советуван од неговиот професорот по ОНО).
Сметајте ме за задоволен турист, и тоа таков кој обавезно ќе се врати по уште во Чешка. А Париз мене не ме гледа повеќе.
