Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1281460 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4605 на: 29 Јули 2016, 10:42:15 am »
Јас последен пат сретнав доплата пред повеќе од десет години во Пефкохори. Најверојатно само на краците и Катерини има вакви глупости, во остали делови од Грција каде што сум бил во меѓувреме никаде не ми побарале таква глупост како доплата за клима :)

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4606 на: 29 Јули 2016, 10:43:09 am »
Мене ми бараа на Закинтос пред 6-7 години.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4607 на: 29 Јули 2016, 10:51:05 am »
Јас барајќи каде ќе одам годинава наидов и со доплата и без доплата...не само на краците.

Пример..

http://www.artoftravel.mk/index.asp?aranzmani=1&id_kate=21&id_pre=55

..односно..

http://www.samaholiday.com.mk/index.php/%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/item/1685-poseidon-%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%B0

Второво е добро...има своја плажа и лежалки за кои не доплаќаш..али нема место сезонава.


« Последно менување: 29 Јули 2016, 11:12:57 am Stratro »

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4608 на: 29 Јули 2016, 11:03:50 am »
Мене во агенција ПЕТ ми го откажаа аранжманот на 7 дена пред идење вчера, без да ми се јават ( отидов да го доплатам ) и не ми понудија никаква друга опција или извинување ниту пак сместување. Ми понудија да си доплатам 90 евра за друга локација као „кој те ебе тоа е тоа“.

Агенциите станаа рекетари заштитени под капата на власта во оваа држава.

Кога прашав зошто не се јавиле да не известат на време рекоа „Ако ви се јавиме на сите наеднаш ќе се створи гужва пред агенцијата“.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #4609 на: 29 Јули 2016, 11:15:51 am »
Си нашол со која агенција работа да си фатиш, голема препорака за магелан од мене.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4610 на: 29 Јули 2016, 11:26:27 am »
Не е за даљинско климата, најчесто ја гасат од осигурач.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8847
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4611 на: 29 Јули 2016, 11:26:47 am »
дечки 21ви век, незнам зошто сеуште користите туристичка агенција во Македонија

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4612 на: 29 Јули 2016, 12:01:31 pm »
Јас не користам агенција, никогаш не сум користел, да бидам искрен најмногу уплатив поради роднините со кои ќе одам, они инсистираа. Инаку преку агенција немам отидено преку 10 години на одмор.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4613 на: 29 Јули 2016, 12:12:41 pm »
Јас сум и бил и  преку агенција и директ преку booking.
Зависи на што ќе налетам..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4614 на: 29 Јули 2016, 12:17:08 pm »
Мене во агенција ПЕТ ми го откажаа аранжманот на 7 дена пред идење вчера, без да ми се јават ( отидов да го доплатам ) и не ми понудија никаква друга опција или извинување ниту пак сместување. Ми понудија да си доплатам 90 евра за друга локација као „кој те ебе тоа е тоа“.

Агенциите станаа рекетари заштитени под капата на власта во оваа држава.

Кога прашав зошто не се јавиле да не известат на време рекоа „Ако ви се јавиме на сите наеднаш ќе се створи гужва пред агенцијата“.

Мене во агенција ПЕТ ме поебаа пред 9 години, кога отидов да си доплатам за аранжманот за септември договорен уште во јуни, ми рекоа дека бил напишан со молив, и некој си нашол за згодно да го избрише тоа и да напише со пенкало. После тоа ме бараа за да ја „исправат грешката“, мада мислам дека немаше многу да се потресат доколку не знаев една од вработените таму. Бруки.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3037
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4615 на: 29 Јули 2016, 12:24:13 pm »
Ме замисливте бре, имам во ПЕТ капар оставено :@

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4616 на: 29 Јули 2016, 12:28:42 pm »
Барајте си ваучер со број на соба, кој спрат, колку кревети, поглед на море и слично.

Доколку дојде до проблем, пазарна инспекција и нека се чешаат ..

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3037
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4617 на: 29 Јули 2016, 12:30:41 pm »
На такво барање одговараат со "Тоа на лице место ќе се одлучува".

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4618 на: 29 Јули 2016, 12:33:32 pm »
Не е така..
Си има цени за студио (за 2 ца или 3ца) или апартман без или со поглед на море.
Добиваш тоа што си резервирал.

Проблемот не е дека ќе те заебе некој, туку дека се што е добро е скоро зафатено уште сега за септември.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3037
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4619 на: 29 Јули 2016, 12:37:25 pm »
Јасно ми е. Лани кога бев ми кажаа која соба, на кој спрат и ми покажаа слики баш од таа соба.
Тоа беше друга агенција.

Годинава побарав се тоа и ми кажаа дека сите студија за 2-ца се наоѓаат на приземје, така да знам само дека ќе бидам на приземје.
Кога прашав за слики од конкретната соба ми кажаа дека сите студија се исти и ми покажаа слики од едно студио, а за потврда која соба се договарало на лице место.

Како и да е, капар е платен пред месец и пол за крај на август. Им пишав меил да добијам пишана потврда за ако има нешто да бидам покриен. Ќе видам каков одговор ќе добијам.