Погледни кои плажи сакаш да ти се најблиску и таму грубо смести се.
Марбл бич рачунај неможеш секој ден да кршиш кола за неа, така да не се ориентирај по неа. Ќе одиш еднаш веројатно. Види некои пореални плажи за секојдневно што ќе одиш да ти се блиску. Како на пример Голден бич, Парадајз бич со брановите. Ливади бич е со камења и нема гужва - лабава плажа. Е сеа имаш уште 20-30 добри плажи на Тасос согласно меракот така да неможе баш да се каже, треба да си видиш што ти се бендисува највеќе.
Алики заборави. Тоа е грабеж, се наплаќаат лежалки, гужва НЕ ВИДЕНА, треба да ручаш за лежалки. Се на се оди да ја видиш евентуално ама не ја рачунај дека постои инаку.
Важно за Тасос, бидејќи островот има еден обиколен пат, важно е смештајот да НЕ е веднаш до патот. Пожелно е да е барем втор ред од патот! Во спротивно ќе е многу гласно во собата и нема да се спие.
Второ има премногу комарци во некои периоди и Аутан да е купен од скопје зошто таму или нема или е многу скап.