Јас сум моментално во Ипсос. Сместен сум на 500м од плажа и смештајот го користам од 23 навечер до 8 сабајле.

Плажата во Ипсос е срање, ич не ни вреди ден да потрошиш на неа. Вторпат доаѓам на Крф па ги знам глупите плажи и ги избегнувам.
Вредат да се видат малата плажа во Нисаки, скриената плажа во Агни (се оди едно 500м низ патека по шума), Глифада, Агиос Гордис, Палеокастрица обавезно, има неколку плажи но водата е премногу ладна бидејќи има извори. Сидари може да се види каналот, но водата е гној. Барбати ти е блиску до Ипсос, а плажата е светлосни години подобра од оваа во Пештани...ова Ипсос де

Дефинитивно ако си доволно забеган да одиш во Ровиниа која ја открив денес случајно, можам да кажам дека е феноменална и врв на цел остров.
Се наоѓа во близина на Лиападес, на неколку км од Палеокастрица. Ако си спремен да ја кршиш колата одиш до долу до скалите, ако не ја оставаш погоре и тераш пешки едно 10-15 минути.

Инаку јас си изнајмив скутер за 5 дена - 55 евра Derbi 50cc двотактно. Си тера по угорници без проблем и товарено. Јас 85кг, девојка ми 50 и уште некое кило пивциња.
Ипсос има местенца за излегување навечер, т.е. само за тоа го бива местово, убаво гиро има во Papagalos, а за пивце препорачувам, нормално големо точено во Dirty Nellies и Olea.