Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1380450 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4440 на: 02 Јули 2016, 19:39:57 pm »
Абе кај отиде постот од Дени мислам за патот према Калитеа, тој новиот ???

Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4441 на: 02 Јули 2016, 19:41:57 pm »
Еве го, треба да се пребаци таа дискусија во оваа тема: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6044.msg883985.html#msg883985

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4442 на: 02 Јули 2016, 19:46:52 pm »
Ја па ко ретард вртам страни викам каде е :)

Фала ти Дени :)

Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4443 на: 04 Јули 2016, 13:43:36 pm »
Батали Хаваи.

Види си Аруба, Малдиви, Сејшели, Занзибар, Бали, кое најдобра организација можеш да си најдеш.

За Аруба ич ми немаше текнато, ми беше криво што Карибите (Куба,Бахами,Барбадос) не се препорачуваа Септември/Октомври заради урагани итн, ама ова како што читам е надвор од тој појас и времето генерално е убаво.... а плажите делуваат супер, плус има некаква цивилизација за навечер да се шетне.

Баш ќе видам понуди за летови, вака преку онлине страни од Белград има прилично ОК цени за двајца.

За Малдивите добив цени и понуди, ама некако ем се скапички, ем поголем проблем ми е недела дена на едно парче земја, на психа ќе ме удри :)

Ако не испадне од Х причини тропска дестинација, ондак Сардинија ми е во план, ама тоа ептен бекап верзија.

Тхенкс за идеите.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8158
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4444 на: 05 Јули 2016, 11:34:46 am »
Занзибар.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг:
« Одговори #4445 на: 06 Јули 2016, 22:45:17 pm »
Некој да сподели инфо за Ипсос, Крф? Како се цените и плажите?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11754
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4446 на: 07 Јули 2016, 00:21:17 am »
Цени - Топ.
Плажа - Така - така.
Многу журки и многу пијани италијани.

Ситни камчиња, ништо посебно.
Од сите плажи шо ги видов на Крф, само тие на север вредат. Сидари и сансет бич.
Патот е лош до плажите исто така.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4447 на: 07 Јули 2016, 10:13:19 am »
Некој да сподели инфо за Ипсос, Крф? Како се цените и плажите?

Кај и да се сместиш на Крф, греота е да не прошеташ... по мене најдобро превозно средство скутер 125-150 цц. Јас возев модифицирана 2 тактна 100цц Пежо која трошеше 5-6 литри на 100км али си вредеа :) ЈБГ немав А категорија.

Од плажите би ги издвоил

http://www.greeka.com/ionian/corfu/corfu-beaches/corfu-myrtiotissa.htm
Малку потешка за наоѓање и за пристап од причина што е наеднаш стрмен патот надолу, карикирам али околу 10-15% надолнина. На почетокот меѓу карпите се нудистите потоа стандард. Водата мислам дека беше најдобра и најчиста овде.

http://www.greeka.com/ionian/corfu/corfu-beaches/corfu-nissaki.htm
Мало место/плажа цела со камчиња, али најдобра зелена боја на вода.

http://www.greeka.com/ionian/corfu/corfu-beaches/corfu-issos.htm
Ова е на југот, интересно е овде моментот колку островот се разликува од северот до југот. Ќе добиеш чувство дека се наоѓаш некаде во пустина со песочни дини. Ако сакаш нешто различно да доживееш, вреди да одиш, ако си за плажа/вода ништо поразлично.

http://www.greeka.com/ionian/corfu/corfu-beaches/corfu-barbati.htm
Слично на Нисаки, само поголема плажа и нормално помалку зелена боја :)

http://www.greeka.com/ionian/corfu/corfu-beaches/corfu-ermones.htm
Плажава е ништо посебно, али после „р`тот“ има од спротива едно плажиче кое за жал не успеав да дознаам како се стигнува до него. За мене тоа беше најубавата плажа на Крф, имаше песок, сенка, мала по големина, со плава/зелена боја на вода.
Јас кога бев овде дуваше ветер и цела плажа Еромнес беше со треви.

Палеокастрица - Мајка Богородица
Ако сакаш горе во манастирот да се качиш, имаат процедура, прво едни се качуваат па се молат за паркинг да најдат, потоа другите се симнуваат. Убава панорама, сенки, место за кулирање.
Доле, превозот со разно/разните скриени плажи не беше нешто ефтин, ако добро памтам 10 евра. Дополнително тоа што турите им се одвоени, па секоја плажа е засебна цена :)

Ок места се и Агиос Гордиос, Глифада (песоклива, нема многу ветер, знае да биде жешко на песокот)

Кавос и генерално југот
Не вреди, освен ако не сакаш да се почувствуваш како тинејџер. Посебно не за плажа/вода. Навечер мирис на повраќаница и алхохол. Повеќе амбуланти од продавници. Маици од типот на "Made in XXXX, destroyed in Kavos" насекаде.

Одвои си еден ден за градот Корфу, прошетај низ центарот, обавезно низ тврдината ... Ако идеш со твојата кола поефтин ти е траектот до Лефкими (на југот е)

Патиштата им се генерално ОК, главните со по лента ипол, другите типично за грчки острови.

Од местото на интерес,
Сијка Пиштолова

;D ;D ;D

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4448 на: 07 Јули 2016, 10:15:45 am »

Колку беше цената за изнајмување на возило и дали мора да имаш А категорија за скутер?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4449 на: 07 Јули 2016, 10:22:33 am »
Секогаш е различно кој период одиш и за колку дена ренташ.

Јас скутерот го платив 15 евра по ден со ептен ценкање но и рентање од 5 дена. Вев на почеток на јули. За кола не ни прашав, али не очекувам под 25-30 евра.
Крф е генерално поскап од Лефкада, Скиатос, Закинтос, но не поскап од Кефалонија.

Да добиеш скутер од 125 цц без А категорија, е реткост, јас до сега не сум успеал. Обично може да добиеш некоја модифицирана варијанта од 80 цц али пак по мене тоа не е доволно. Јас и жена ми вкупно сме 120 кг па скутерот после 120 км возење дневно знаеше да изгуби на снага, башка по тоа искачувањата ...

Инаку јас бев сместен во Агиос Горгиос јужниот, околу 30 км од Корфу. Нормално, препорака за меѓународна, без разлика што ќе ренташ.

Турите со брод од моето место беа 25 евра.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4450 на: 07 Јули 2016, 10:47:17 am »
А ако не ренташ одиш со сопствено возило, потребна ли е меѓународна ?
Јас сум немал проблеми до сега во Грција без меѓународна.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4451 на: 07 Јули 2016, 10:53:24 am »
официлано по процедура треба, иначе неофицијално и искуството мое со полиција во Грција никогаш не ја побарале а еднаш ми ја вратија и ми ја побараа оригиналната возачка

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4452 на: 07 Јули 2016, 10:55:04 am »
Ми нема логика тоа, плус 800 денари е меѓународната, каде плаќаме зелени картони цело богатство уште па и меѓународна на крај.

Искрено не ни имам слушнато некој да има проблем без меѓународна, освен за рентање што бараат.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4453 на: 07 Јули 2016, 10:58:53 am »
Одлични препораки од олмајти.

Патиштата се сосема ок, лани бев со моја кола, пред 11 години рентавме Матиз и Атос.

Ако сакаш песочна плажа би ти ја препорачал и Пелекас. Слична како Глифада само со помалце гужва.

Во врска со меѓународната. Ќе потрошиш миниум 500 евра на одмор, а ќе штедиш 14 евра за меѓународна која ќе ти важи неколку години???
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4454 на: 07 Јули 2016, 11:01:15 am »
за 15че веспа ке си рента еден ден :D