Банза,
различни луѓе = различни вкусови и критериуми
За мене основен критериум за летен одмор кој неможе со ништо друго да се замени е квалитетна плажа и море. Ако сака нека има незнам каква архитектура и градби од платина, иридиум и дијаманти, џабе е.
Од друга страна пак, некогаш сакам да шетам по несекојдневни градови и места. Гледам тоа да го правам надвор од летниот одмор, така што ќе имам повеќе време за бањање и плажарење. Но некогаш правам и исклучоци, па ми се случува да го заменам плажарењето со прошетки низ местенца. Така на пример, пред 3 години бевме на одмор во Будва во Црна Гора, па бидејќи ЦГ е тиња еден ден ни здосадија сите плажи на црногорието, па си фативме пат кон Дубровник кој тогаш го посетив за прв пат. Навистина стариот град и амбиентот во него е несекојдневен и неповторлив. Но плажата е под просек...За цените во Дубровник да не коментирам бидејќи, исто како и Опатија, не е репер за летување во Хрватска.
Што се однесува до осторви, и на тоа поле Грција е многу поубава од Хрватска...Крит, Левкада, Родос, Крв, Миконос, Закинтос, Тасос...