Лани бев на Лефкада, во Агиос Никитас, и местото е мало но стратешки многу добро поставено.
На 2 км е плажата Катизма, која е огромна и многу добра, со кола се стига до неа, а има и одлични кафичи да ги кажам, со базени и слични глупости. Ако на некој не му се пешачи секој ден по скалите на Егремни, тука е супер како замена.
До Егремни има возење 15-20 минути, и патот е одличен. До Порто Кацики исто така, само откако ке се исклучиш накај плажата ако наиде кола од спротива, ни со магија неможеш да се разминеш и е малку проблем.
Јас цело време го вртев островот по западната страна и патот беше одличен, нов асвалт сегде и доволно широк. На источниот дел може да е подобар само ако е автопат.
Ако некој оди натака, нека не го лаже изгледот на местото од по слики од агенции, нека си отвори карта и нека се постави стратешки најблизу до плаживе и ако може поблизу до Лефкас, бидејќи се тоа таму се мали селца, и после 10 саат навечер освен Лефкас се друго е мртво.
Во Агиос Никитас цените се пристојни, јас бев сместен во Вила Елени
http://www.tripadvisor.co.uk/Hotel_Review-g1786926-d2650292-Reviews-Elena_Rooms-Agios_Nikitas_Lefkada_Ionian_Islands.htmlСобата имаше поглед накај морето, а што е најбитно Агиос Никитас има своја плажа, мала ама има. Има селца кој се нудат од агенциите кој со горе во планината, и од каде ако сакаш било каде да мрднеш ти треба кола или моторче.
Инаку имаше и едно убаво хотелче, налик на она од линкот на Крелл, тоа како полуксузна опција од ова каде што бев сместен јас.
Во септември плаќав 20 евра од ден за собата.