Тоа е тоа, некои се премногу паметни за свое добро.

Јас ЈБГ сеуште користам глуп телефон (иако во фиока прашина фаќа „паметен“). Фотографии исклучиво со фотоапарат сликам. Музика слушам на наменски МП3 плеер, стар како библија, со 64Мб Рам и допунска 128Мб Smart media card, aма што да правам кога звукот му е подобар од ај-под, и од што малку троши заборавам каде ги чувам резервните АА полнливи батерии (а кога сме кај пунењето и тој пуњачот за телефонот постојано го губам, од што ретко го користам).
Таблетот исто ми фаќа прашина, од одмор на одмор го вадам од фиока. Ама затоа на ебук ридерот му се распадна футролата...

ЈБГ, можеби затоа никој не ми рекол дека сум недостапен на телефон? (освен ако сам не го сакам тоа)
