Автор Тема: GPS uredi, mapi itn.  (Прочитано 200701 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #510 на: 19 Март 2014, 14:46:53 pm »
А што е предноста на навигацијата према андроид телефонче? (освен поголем екран)

1. Не ти се случило во повеќемилионски град додека ја следиш  навигацијата да ти заѕвони телефон
2. Наоѓањето на сателити трае многу побрзо на ГПС уред него на телефон ( не гледајте во МК додека сте на нет и имате асистед ГПС!)
3. Телефони ќе смените 10 комада за тие 10 годиним, а навигациајта само упдате на карти ќе и направите и ќе си тера. Да не спомињам што ќе купите нов ајфон па нема да има џеилбрејк, па нема да имате навигација тој период....
...


Околу кинеските ГПС уреди, не знам зошто уопште се трудите да дадете 40еур. помалце кога за 5000, а можда и помалце си имате ГАРМИН со асални мапи ??

2.-ката треба у камен да се исклеса. Не само што побрзо прави GPS lock, туку и многу посилен сигнал држи. На телефон, доколку заврне, може да ти се изгуби GPS сигналот.

Друго, телефонот може и да трпи поради дирекна изложеност на сонце (иако е преку стакло), а навигацијата е направена да биде таму, така да поотпорна е на топлини и слично. Секако тоа не значи дека треба да се остави на шалт табла у сред лето :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #511 на: 19 Март 2014, 15:03:25 pm »
не мислев да го користиш твојот телефон него да си набавиш андроид телефонче dedicated само за навигација. ИГО најнови мапи и тераш. Мислам дека нема да биде ништо полошо од ефтина кинеска навигација.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #512 на: 19 Март 2014, 15:06:23 pm »
Мене ајфонот ми прегреваше, морав да го ладам под клима за побрзо да ми се упали :)

Гарминот мука нема. А и секако подобриот сигнал па и тоа дека мобилниот ќе морам да го тргам од држач за да се јавам или пишам/прочитам смс.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #513 на: 19 Март 2014, 15:07:06 pm »
Неам претстава, оти одамна не сум глеал телефони, ама за која сума може да се набави евтино Андроид телефонче, за да ете хипотетички го земеш да го користиш само како навигација?

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #514 на: 19 Март 2014, 15:23:52 pm »
шознам еве, 2-3 илјади за нешто половно 4" екран. Имаш избор на програми не си ограничен на една. Или може и на навигацијата да си инсталираш што сакаш?

Отсутен Dr-Koljo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #515 на: 19 Март 2014, 15:24:09 pm »
Неам претстава, оти одамна не сум глеал телефони, ама за која сума може да се набави евтино Андроид телефонче, за да ете хипотетички го земеш да го користиш само како навигација?

За околу 2000/2500 би можело да се набави ЛГ Л3 што реално би бил ОК за таа намена :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #516 на: 19 Март 2014, 15:59:58 pm »
шознам еве, 2-3 илјади за нешто половно 4" екран. Имаш избор на програми не си ограничен на една. Или може и на навигацијата да си инсталираш што сакаш?

Ако земеш асолна навигација (рецимо ГАРМИН) нема потреба да и’ инсталираш што сакаш :)

Неам претстава, оти одамна не сум глеал телефони, ама за која сума може да се набави евтино Андроид телефонче, за да ете хипотетички го земеш да го користиш само како навигација?

За околу 2000/2500 би можело да се набави ЛГ Л3 што реално би бил ОК за таа намена :)

Кул. Добра идеја :)

Ја лично не би, имајќи предвид колку паднаа цените на навигациските уреди, али океј, вреди да се размисли на варијантава.

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #517 на: 19 Март 2014, 16:03:50 pm »
Не викам не, гармин е подобро. Ама сепак разлика е 2000 спрема 5000ден

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #518 на: 20 Март 2014, 02:37:22 am »
не мислев да го користиш твојот телефон него да си набавиш андроид телефонче dedicated само за навигација. ИГО најнови мапи и тераш. Мислам дека нема да биде ништо полошо од ефтина кинеска навигација.

емииии... кога ке набавам андроид телефонче само за тоа... тогаш ке си набавам само гпс.. парите се тука некаде... зависи до душте што подразбираш под телефонче... андроид телефонче со гпс нај евтиниот модел, може да биде поскап од гпс уред, така да логикава баш и не ти држи некако...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #519 на: 20 Март 2014, 10:48:21 am »
Јас до сега се на се 2 пати сум го користел телефонот за навигација.. првиот пат беа 100 километри и се си беше ок.. освен што во тунели губеше сигнал па после споро го наоѓаше и многу лаг правеше на поголеми брзини... се укочуваше 5-6 секунди па ќе мрдне и пак така...
Вториот пат го приметив телефонот дека грее и ја изгасив навигацијата... го одморив телефонот па го уклучував само кај што мислев дека ми треба.
Така да ДЕФИНИТИВНО gps уред за мене е подобро.
Порачав од тие кинеските затоа што планирам да ставам iGO со мапите што ги имам во телефон. И да си терам. Можеби и тоа кинеското знае да загрее... Ама сигурно не толку брзо како телефонот.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #520 на: 20 Март 2014, 11:10:41 am »
Да не те разубедуваме, ама 2.000 ден. за кинеска + нервози + заебанции + пак уште 2.000 ден. за година-две за нов кинез = 4,000 ден.

Нов GARMIN Nuvi 40 + Adria route 4.0 maps во СЕТ за 4.500 (со гаранција) и мирен си мноооогууу години. Па сега ти види дали се исплати.
Сигурен сум дека ќе се најде и поефтин без мапи !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #521 на: 20 Март 2014, 11:12:37 am »
Много точно. За секоа работа треба соодветен алат. Поготово ако е за сериозна работа.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #522 на: 20 Март 2014, 18:49:13 pm »

И од мене еден глас за dedicated GPS уред, и тоа од бренд фирма а не кинески. Од сите аспекти е подобро од телефон.

- Неспоредливо побрзо наоѓање на сателитите после тунели (кој возел низ Монако, знае колку е забавно кога по 6ти пат го поминуваш истиот кружен тек, до кој доаѓаш низ тунели).
- Многу погласна и подобра аудио комуникација, опуштено си возиш пошто знаеш дека уредот ќе те предупреди на пола километар од свртувањето.
- Многу пореспонзивен интерфејс.
- Генерално мапите на dedicated GPS се подобри, подетални и почесто се упедјтуваат (не знам за Том-том ама Гармин често има надградби и чисто за пример Скопје е сега веќе добро покриено).
- Не може да те заебе телефонски повик баш пред важно свртување, каде следниот излез е на 100км  ;)
- Добар дел од забелешкиве важат и за кинеските dedicated GPS-и, посебно за мапите.

Друга работа е што релативно нови модели од Гармин, по европскиве ланци за техника често се на акција и за некои 100евра се зима топ модел. Кај нас колат домашниве трговци, за висока цена идат стари модели како Нуви 40.

Совет: кој е за зимање, нека зема модел со 4 бројки во името. Пример Garmin Nuvi 2455LMT GPS.
Новите модели, најголемиот дел од нив, имаат педестриан мод на работа (навигација за пешки одење). Кој шетал  во непознат град каде англиски не е матичен јазик, знае каква заебанција е идење од место до место (ОК, чест на исклучоците -полиглоти). Но дури и со познавање на јазикот, пак е проблем наоѓање на местата.

 

GPS со педестриан мод на работа е права работа, си местиш географски точки од интерес (споменици, плоштади, музеи, зоолошки градини)... и уредот сам ти кажува точно како да стигнеш таму.
Пример, заврти лево и иди пешки 100 метри до следната автобуска станица, качи се во Автобус бр ХХ во правец накај ХХХ, по 3 станици симни се од бусот и продужи 30метри до метро станицата, симни се во метрото и фати го возот ХХ во правец накај... итн итн. Те носи било каде во било кој град за кој има cityXplorer Гармин мапа (а има за сите поголеми градови).
Гармин GPS со cityXplorer мапа е вистинска работа за туристичко разгледување на градови.

Не знам Гармин дали имаат извадено софтвер со ваква функционалност за мобилни телефони. Ама знам дека вклучен GPS цица батерија, и дефинитивно не е забавно да останеш и без телефон и без GPS во непознат град.

Тотално не ми е јасно како може на некој да му се даваат неколку стотини евра за мобилен телефон, а да не му се даваат сто евра за dedicated GPS уред од бренд фирма како Гармин.


шознам еве, 2-3 илјади за нешто половно 4" екран. Имаш избор на програми не си ограничен на една. Или може и на навигацијата да си инсталираш што сакаш?
За тие пари на Амазон има „нови„ (неполовни) постари модели на Гармин, секако и половни модели на Гармин овде кај нас.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #523 на: 20 Март 2014, 19:21:36 pm »
Јасно ми е дека гармин е каде каде подобар од кинеските. Но бидејки патувам 2-3 пати годишно каде што ми е потребен GPS мислам дека кинескиот ке ми брка работа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: GPS uredi, mapi itn.
« Одговори #524 на: 20 Март 2014, 21:51:06 pm »
И за 2-3 пати годишно Гармин е подобар избор. Сум пробал неколку кинески уреди и генерално сите биле барем 2-3 класи подоле.