И од мене еден глас за dedicated GPS уред, и тоа од бренд фирма а не кинески. Од сите аспекти е подобро од телефон.
- Неспоредливо побрзо наоѓање на сателитите после тунели (кој возел низ Монако, знае колку е забавно кога по 6ти пат го поминуваш истиот кружен тек, до кој доаѓаш низ тунели).
- Многу погласна и подобра аудио комуникација, опуштено си возиш пошто знаеш дека уредот ќе те предупреди на пола километар од свртувањето.
- Многу пореспонзивен интерфејс.
- Генерално мапите на dedicated GPS се подобри, подетални и почесто се упедјтуваат (не знам за Том-том ама Гармин често има надградби и чисто за пример Скопје е сега веќе добро покриено).
- Не може да те заебе телефонски повик баш пред важно свртување, каде следниот излез е на 100км
- Добар дел од забелешкиве важат и за кинеските dedicated GPS-и, посебно за мапите.
Друга работа е што релативно нови модели од Гармин, по европскиве ланци за техника често се на акција и за некои 100евра се зима топ модел. Кај нас колат домашниве трговци, за висока цена идат стари модели како Нуви 40.
Совет: кој е за зимање, нека зема модел со 4 бројки во името. Пример Garmin Nuvi 2455LMT GPS.
Новите модели, најголемиот дел од нив, имаат
педестриан мод на работа (навигација за пешки одење). Кој шетал во непознат град каде англиски не е матичен јазик, знае каква заебанција е идење од место до место (ОК, чест на исклучоците -полиглоти). Но дури и со познавање на јазикот, пак е проблем наоѓање на местата.
GPS со педестриан мод на работа е права работа, си местиш географски точки од интерес (споменици, плоштади, музеи, зоолошки градини)... и уредот сам ти кажува точно како да стигнеш таму.
Пример, заврти лево и иди пешки 100 метри до следната автобуска станица, качи се во Автобус бр ХХ во правец накај ХХХ, по 3 станици симни се од бусот и продужи 30метри до метро станицата, симни се во метрото и фати го возот ХХ во правец накај... итн итн. Те носи било каде во било кој град за кој има cityXplorer Гармин мапа (а има за сите поголеми градови).
Гармин GPS со cityXplorer мапа е вистинска работа за туристичко разгледување на градови.
Не знам Гармин дали имаат извадено софтвер со ваква функционалност за мобилни телефони. Ама знам дека вклучен GPS цица батерија, и дефинитивно не е забавно да останеш и без телефон и без GPS во непознат град.
Тотално не ми е јасно како може на некој да му се даваат неколку стотини евра за мобилен телефон, а да не му се даваат сто евра за dedicated GPS уред од бренд фирма како Гармин.
шознам еве, 2-3 илјади за нешто половно 4" екран. Имаш избор на програми не си ограничен на една. Или може и на навигацијата да си инсталираш што сакаш?
За тие пари на Амазон има „нови„ (неполовни) постари модели на Гармин, секако и половни модели на Гармин овде кај нас.