Автор Тема: Замена на сијалички на кокпит на Peugeot 206 - туторијал  (Прочитано 6935 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
Страшно се нервирам кога ке видам дека на кокпитот или пак на инструментаблата или пак каде и да е, кога некое сијаличе затаило, односно прегорело или пак губи контакт...Тоа се случува се, заради по мене ретардираниот закон да се вози со светла во град или село, на температура од 40 степени, и во земја како нашата каде што преовладува сонце и светлина за разлика од некој скандинавски и западно северни држави од Европа...
Но како и да е да не навлагам во таа проблематика, него во она што е предмет на дискусија, односно замена на сијаличките...
Имено се работи за Пежо 206 каде што беше потребно да се замени едно сијаличе, односно тоа сијаличе почна да губи контакт и беше потребно да се преконектира за да се оствари добар контакт и да свети без проблем...
Е сега поучен од претходно искуство, односно на 306-ката, доколку сакате да замените една сијаличка, верувајте дека нема тоа да биде една, него сите  ;D
Затоа пред да почнете да работите на случајот, обезбедете си барем најмалку 10 сијалички затоа што ке ви требаат  :D
Пред се за овој потфат треба да имате малку предзнаење за тоа како и на кој начин се склопени пластиките во автомобилите...
Јас се потрудив и со малку слики да ви помогнам доколку имате сличен проблем да не се мачите што и како треба да се подигне и одштрафи, него ке имате се обележено  ;)
Најпрво треба да се извади радиото, и мислам дека за ова нема потреба од објаснување...Ако знаете како се вади радиото, мислам дека ке успеете да го направите и останатиот дел од работата, во спротивно не ни почнувајте...
По вадењето на радиото и одкачувње на каблите, се поминува на вадење на горниот дел од кокпитот со негово подигање.



Следниот чекор е одстранување на конекторот за 4 трепкачи, јас не го одкачував пошто не ми сметаше, а на сликата е одбележен со зелена стрелка. Понатаму со торкс се одштрафуваат двата штрафа кој го држат останатиот односно долниот дел од пластиката обележани со белите стрелки:



Потоа се повлекува целата пластика внимателно за да не ја искршите  ;D



Афтер дет доаѓаме до малку поедноставен дел, односно одштрафување на 4 штрафчиња (торкс) означени на сликата со бели стрелки.



Зелената стрелка ни означува положба на капачето на лизгачот кое претходно беше извадено. По одштрафувањето на 4-те штрафчиња, со портокаловите стрелки се означени држачи кои треба да се притиснат надоле за да може целиот дел од конзолата да се откачи...Таа пропаѓа навнатре и е поврзана со конектор, и со 3 сајли кои служат за регулација на вентилацијата. Внимавајте со ова зошто може да се направи беља или пак нешто да се откачи и да не знаете од кај било.
Свртете ја конзолата така да имате пристап од долниот дел зошто има пластични холдери кои треба да се притиснат за да се одвои горниот од долниот дел на конзолата со цел да дојдеме до она најбитното. Во принцип ова е и најтешкиот дел од целата работа. На сликата се одбележени со стрелки местата кои треба да се притиснат...И од долниот и од горниот дел на конзолата.







Одкако ке се одвои конзолата, доаѓаме до најинтересниот дел, а тоа е местото каде што се сместени сијаличките. Во мојот случај проблематична беше левата, но за жал додека ја обавуваф претходната операција сите сијалички преминаа, баш онака како што и кажав на почетокот на постот...
Замената на сијаличките може да ја направите и на лице место или пак да ја извадите комплетно целата плочка надвор и тоа да си го направите на тенане во работилница  ;D
Ако се решите за втората варијанта како мене прво мора да го откачите конекторот:



Следен чекор е вадење на плочката која е прицврстена со 4 држачи за пластиката означени со црвени стрелки.



Кога ке се извади плочката се забележуваат 3 дупки кои се предвидени веројатно за промена на сијалички без растурање на конзолата, но во мојот случај тоа беше невозможно...



И вака ке ви изгледа оскубаниот кокпит  ;D



Извадена плочка, се пристапува кон замена на трите сијалички обележени со стрелки.
Препорака:
Доколку некоја од сијаличките ви е исправна, заменете ја со нова  ;) Не ја оставајте старата...За да не растурате два пати  ;D



По замената на сијаличките, се враќаме на место по обратниот редослед опишан погоре  ;D
Плочката се враќа на своето место, се закачува конекторот и најважно од се се врши проверка на исправноста на заменетите сијалички пред да се склопи се назад на свое место.



Затвараме пластики, внимавајте ова е малку ’трики’ да не речам мутаво, али ако сте го растуриле, ке го склопите...Има два прекидача, односно еден е прекидач за климата, а другото е тастер за грејач за задна шофершајбна...Кога ке склопите се треба да се притиснат и да се слушне звук КЛИК, во спротивно нема да функционираат!!!



Редоследот за склопување е како што кажав обратен од погоре опишаниот...Следете ги чекорите наназад...
Од како успешно ке го ставите пластичниот капак најгоре, следува тест што сте направиле и дали се функционира беспрекорно...Нормално го враќате и радиото и губите едно 10 минутки за да меморирате станици и подесите се за и околу звукот  ;D
И конечниот исход:



Добро изгледа  ;D



Се надевам дека после ваквиот зафат доколку некој од вас го прави, нема да има потреба да оди на сервис  ;D
Времетраење на целата постапка е околу 30-тина и помалку или повеќе минути во зависност од спретноста...
Инаку ризикот да расипете нешто си го сносите сами на себе.
Се надевам дека некому овој туторијал ке му биде од помош  :D

Со здравје





























 
« Последно менување: 13 Мај 2011, 15:56:37 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29789
    • CARclub.mk
Одлично! Токму за вакви работи е наменет овој форум!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
многу почитувам вакви добро напишани туторијали БРАВО, сигурен сум дека на многу луѓе ќе им помогне, знам мене колку ми помогнале вакви туторијали во многу ситуации

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Рики извини, ама SaleSk Rulz :)
Секоја чест.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Sale-што марка ти е саат-от на рака бе ??? ??? ???
Се зезам,ми дојде некако ;D ;D ;D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Rolex е саатот ;)
Колку за информација ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
Sale-што марка ти е саат-от на рака бе ??? ??? ???
Се зезам,ми дојде некако ;D ;D ;D

Festina :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Респект колега !!! Да је боље не би ваљало ;)

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Докторе Marry me!!! :D
да се подстопли ќе ја фатам и мојава пола се испогорени
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Браво Сале... Одлично завршена работа...

Не ми текнало до сеа, до сеа да сликам, со вакви или слични проблеми... а често имам работа...

Набрзо ке има и од мене нешто, ви ветувам :)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
AИИИИИИИ кој "gay" сум-вчера вадев браник,фарови,модифицирав нешто ама не документирав  :-[ :-[ :-[

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
И јас многу пати така ми се дешава...Ова ми текна да сликам од како све направиф, па на склапање сликав :)) али ипак добро и навремено се сетив...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Битно има нешто, корисно... бајаги има 206ки, па ке улета и некој со ваков проблем

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Замена на сијалички на кокпит на Peugeot 206 - туторијал
« Одговори #13 на: 27 Јануари 2013, 18:05:06 pm »
каде можат да се најдат вакви сијалички?

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Замена на сијалички на кокпит на Peugeot 206 - туторијал
« Одговори #14 на: 27 Јануари 2013, 18:53:18 pm »
Одлично сработено само кога веќе си менил сијалички требало да ставиш ЛЕД диоди па после и шалттабла ќе растуриш и там ќе ставаш ЛЕД бело или сино :D и кога ќе видиш колко е поубаво ќе се восхитуваш шо си направил. :D