Џиџи и Маршер,
На кадетот сакам да му сменам масло. Ќе му ставам Liqui Moly MoS2 10-40.
Меѓутоа, бидејќи моторот е стар и загаден со издувни гасови, не е возен година дена освен низ маало повремено еднаш месечно (патем Маршер како што го среди палењето така е и денес година дена подоцна и работи перфектно), старото масло не знам колку е квалитетно, така што сакам прво да го исперам со некое средство моторот и да ставам од гореспоменатото масло.
Прашањето ми е, дали има некое средство за испирање мотор што е ефикасно а не многу скапо. И второ, кога го имавме голфот, татко ми и чичко ми му го измиваа моторот со тоа што му ставаа дизел внатре, го оставаа да работи десетина минути во место па го празнеа дизелот па после ставаа масло и нов филтер за масло ама сепак не сум сигурен дали е тоа паметна и ефикасна идеја. Маршер, што ќе кажеш ти во врска со тоа?
Подпрашање, во кадетот имам нов акумулатор Топла. Дали постои некој начин да го зачувам акумулаторот исправен што е можно подолго време?
И под-подпрашање за Маршер примарно: глеам фајде од продажбата на кадетот нема. Ќе го чувам за подобри денови. Има ли некоја препорака на кој начин да го конзервирам? Сакам моторот највеќе да го зачувам. Каросеријата оди јабана секако. А сакам да земам иедна церада и да го покријам сега против есенскиве дождови и зимскиве мразови. Некоја препорака за церада?