Темава ке ја започнам со еден мал вовед, а потоа ке оставам сликите да зборуваат сами за себе...
Имено, пред околу 5 години, кога беше и купено возилото, беше однесено да му се намести аларм. Централна имаше фабрички вградена. Фино лепо, МЕТА алармче, ставено со сензори со сите нишани...
Уште третиот ден по местењето на алармот приметив одредени аномалии и чудни нус појави кои дотогаш ги немаше...Односно во текот на возењето се палеше сијаличката дека некоја врата е отворена, а воедно почна да се пали и светлото во кабина...Па при ноќно возење имаш чувство дека се наоѓаш во некоја двапарачка дискотека...

Проблемот го лоцирав веднаш, но што има јас да го средувам кога за наместениот аларм се добива гаранција... Меѓу другото, алармот без никаква причина се вклучуваше само од себе и се исклучуваше...И тоа рандом...
Колата беше вратена во сервисот и после некое време вратена со изјава дека се е во ред и дека нема да има проблем...
Проблемот со светкањето на сијаличката навистина го снема, светлото во кабина повеќе не се палеше...
Но престана да се пали светлото кога ке се отвори страничната и задната врата. И алармот повторно се палеше и гасеше кога ке му текнеше..Бидејќи не беше толку многу важно, се остана така до ден денес, кога пред некој ден се случи да се распадне бравата па мораше да се интервенира. Односно некое време колата се заклучуваше само со централно, па потоа алармот прекина сам од себе да се активира, или пак нешто имаше проблем со акумулаторот па го вадевме стававме и се оправи...Па си функционираше...
Е сега...Дојдовме до заклучок дека уствари нешто ни ги ебе кокошките, а не е нашиот петел!
Односно, дека колата кога е заклучена со аларм, и кога ке отвориш задна или странична врата, не се активира!!!
Односно со нивно отварање не се ни палат светлата во кола, што многу е непрактично и мутаво...Светло се пали и тоа само она во кабина на отварање на предни врати...
И така почнавме да растураме едно по едно се додека не видовме некој работи кои се неубави и е многу шати дискутирано на таа тема. Практично интелегенциите кои го местеле алармот, оставиле две жици потполно неизолирани, што е максимално опасно и најчесто од такви ствари се пали инсталација...
Кутијата со алармот беше така фрлена под пластиката и убутана безвезе да не личеше на ништо..
Сладно беше проблемот на кој се сетив дека егзистираше уште од самиот почеток, па тргнавме кон растурање на свичот и контактите на вратата...Свичот за светло беше исклучен и конекторот оставен. Многу интелегентно решение од страна на фирмата и дечките кои го местеле алармот.. Значи битно јас сум палтил и мислам дека имам аларм, а уствари и мало дете може да ми го обие возилото. Небитно...
За на крајот да дојдеме до заклучок дека некаде по пат ни е прекината жица за активирање на светлото во гепекот...И така изгубивме добри 3 саати додека да се најде проблемот кој се провлекува неколку години, и на крај да си го решиме сами, бидејќи тие што го местеле алармот им било тешко да го подесат свичот и да го остават да функционира, туку едноставно го растуриле, го дисконектирале и баталиле

Чистаааа работа...
Затоа мили мои, внимавајте каде ги носите своите возила...Фирмата нема да ја именувам, но најверојатно ке сватите за кого се работи од сликите...
Сва среќа што ми се распадна бравата, па се фативме да го средиме покрај тоа и ова другово

Уживајте и обратете внимание на црвените кругчиња







Благодарам на вниманието
