Автор Тема: Ново - Владата субвенционира 75% од ратата на кредитите за куќа  (Прочитано 3360 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
За предвремена отплата на кредитите за стан или куќа и старите и новите корисници нема да ги враќаат субвенциите ако користеле кредит најмалку 10 години


Владата направи измени во проектот "Купи куќа, купи стан", со кои ги подобри и олесни условите за користење на субвенционираните станбени кредити. Измената која важи за сите корисници на кредитите кои ги субвенционира Владата, вклучувајќи ги и тие кои веќе земале таков кредит, е тоа што предвремената отплата не носи обврска за враќање на средствата кои се добиени од државата во време на користењето на кредитот, без разлика на моделот на субвенционирање. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески објаснува дека за да се избегне обврската за враќање на субвенциите, кредитот треба да се отплатува најмалку 10 години, односно предвреме да се отплати по истекот на 10 години. Вкупниот рок за отплата на кредитите од проектот "Купи куќа, купи стан" е 20 години.

Друга голема измена е тоа што граѓаните кои ќе одлучат да земат кредит за изградба или купување куќа, ќе добиваат поголеми субвенции од државата. Така, наместо половина од ратата во првите пет години од отплатата или половина од учеството за кредитот, државата на граѓаните кои ќе земат субвенциониран заем за куќа, ќе им плаќа 75 отсто. Ова се прави за да се изедначат со корисниците на кредити за купување стан, зашто кога се гради куќа има дополнителни давачки за земјиште и слично.
- Тоа значи дека ако максималниот кредит што може да се добие е 50.000 евра, вкупната субвенција од Владата може да достигне до 15.000 евра. Пренесено на рати, за тој кредит ратата во првите три години од отплатата изнесува 330 евра, а во четвртата и петтата година 345 евра. Со оваа измена ако ратата е 330 евра, 247 евра плаќа Владата, а 83 евра граѓанинот во првите три години. Приближен е износот и во четвртата и петтата година од отплатата. Тоа е многу поповолно од досегашните услови - вели Ставрески.

Ист процент на субвенција има и за моделот половина учество. Наместо 50%, сега Владата субвенционира 75% од учеството што се плаќа за кредитот. Ако за кредит од 50.000 евра учеството изнесува 12.500 евра, досега од нив државата обезбедуваше 6.250 евра. Сега од учеството државата обезбедува 75%, односно 9.375 евра, а останатите 25% треба да ги обезбеди кредитокорисникот.
- Сумарно, во двата модела, значи дека три четвртини од месечната рата во првите пет години или три четвртини од учеството обезбедува владата, а една четвртина граѓанинот. Ова се однесува само за граѓаните кои земаат кредит за куќа - потенцира Ставрески и додава дека поволностите од измените на проектот ќе се применуваат само за новите кредитокорисници.
На барање на граѓаните, субвенциониран кредит нема да се дава само за изградба на сопствена куќа, туку и за купување куќа која ја изградило правно лице или куќа во типска населба. Исто така, субвенциониран кредит ќе може да земат и граѓаните кои имаат помала куќа или барака, која сакаат да ја урнат и да изградат поголема, како и за доградба на постоечки објект.
Ставрески потенцира дека нема измени на проектот "Купи куќа, купи стан" во делот со кој примањата на кредитобарателите се ограничуваат на 900 евра, ниту пак во вредноста на станбениот квадрат, кој е ограничен исто така на 900 евра со ДДВ, бидејќи, како што вели, намерата е да им се помогне на граѓаните кои не можат да си обезбедат доволно средства за да дојдат до покрив над главата.

Вицепремиерот потенцира дека овој проект е повеќегодишен, програмата со определените средства ќе се објавува годишно, а Министерството за финансии ќе ги разгледува барањата за кредити на секои 45 дена, за да не чекаат кредитобарателите до крајот на годината. (С.Ву.)

Лани, од јуни до декември пуштени во употреба 40 згради
Во периодот од јули до декември минатата година се издадени 53 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1,19 милијарди денари. Според соопштението од Државниот завод за статистика, според издадените одобренија за употреба 40 (75,5%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, осум (15,1%) за објекти од нискоградба и пет (9,4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 53 објекти, на 38 (71,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 15 објекти (28.3%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е одобрена употребата на 66 станови со вкупна површина од 6.281 квадратни метри.

Нема зголемување на даноците
Додека ВМРО-ДПМНЕ формира Влада, даноците нема да се зголемуваат и ќе се задржи политиката на најниски даноци во Европа, изјави вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како одговор на забелешката на академик Таки Фити дека даноците на среден рок треба да се зголемат, зашто на ова ниво се неодржливи.
- Даночната политика во Република Македонија е најповолна во Европа, така што корекција на даноците нема да има. Ќе се обидеме да ги задржиме на ова ниво за разлика од сите други земји коишто во меѓувреме ги зголемија - нагласи Ставрески.
Тој информира дека во тек се разговори со руската страна во врска со приклучување на Македонија на гасоводот "Јужен тек". Исто така, додаде дека кредитот од Дојче банка од 250 милиони евра добиен со гаранции на Светска банка пред една недела легнал на сметката на државата.





од кога бидоа дека имаат многу мал интерес,владава се реши на промени.
ШТО МИСЛИТЕ СЕГА СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ ДАЛИ СЕ ИСПЛАЌА ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО ИГРА И КОЈ МОДЕЛ Е НАЈДОБАР СПОРЕД ВАС?
« Последно менување: 08 Февруари 2013, 11:37:06 am zeroSignal »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Истово го прочитав сабајле, ама имам мали нејаснотии, до 5тата година владата ја субвенционира ратата, ама што после тоа. Ратата во првите 5 год. е со фиксна камата, ама што правиме после тоа ???
Малце е незгодно ако ја дигнат банките ратата, а може да кажат немате во договор лимит, да не искочи од 330 евра рата да дојде 630 ?

Ова нешто смрди, и тоа поштено.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
читај на сајтот за твоево прашање има одговор,еве:
ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО КАМАТАТА
Колку може да достигне максимум каматата во рокот за исплата во тие 20 години?
Доколку лицето е корисник на опцијата пола-пола рата, каматата во првите три години ќе изнесува најмногу до 4,99%, а во четвртата и петтата година најмногу до 5,5%. Во периодот потоа, каматната стапка ќе биде во рамки на политиките на банката за станбено кредитирање. Доколку лицето е корисник на опцијата 50% од учеството, каматата е ограничена на ЕУРИБОР + 4,5 п.п., што значи дека во каматата одреден дел ќе биде флексибилен и ќе зависи од шестмесечната меѓубанкараска каматна стапка на европските банки, додека другиот дел од каматата е фиксен (4,5 п.п.). Меѓубанкарската каматна стапка на европските банки може да ја проверите во секој момент на следниот линк: http://www.euribor-rates.eu
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Цитат
V. ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО КАМАТАТА
Колку може да достигне максимум каматата во рокот за исплата во тие 20 години?
Доколку лицето е корисник на опцијата пола-пола рата, каматата во првите три години ќе изнесува најмногу до 4,99%, а во четвртата и петтата година најмногу до 5,5%. Во периодот потоа, каматната стапка ќе биде во рамки на политиките на банката за станбено кредитирање. Доколку лицето е корисник на опцијата 50% од учеството, каматата е ограничена на ЕУРИБОР + 4,5 п.п., што значи дека во каматата одреден дел ќе биде флексибилен и ќе зависи од шестмесечната меѓубанкараска каматна стапка на европските банки, додека другиот дел од каматата е фиксен (4,5 п.п.). Меѓубанкарската каматна стапка на европските банки може да ја проверите во секој момент на следниот линк: http://www.euribor-rates.eu

Е сега имам и други прашања, дали кредитот е во еур или во денари? Зошто сите користат евра во пресметките, анашата валута е денар?

Во Србија слична заебанција имаа луѓето кои земале кредит во евра или швајцарци, а неколку години потоа им искачаше наместо пола да даваат цела плата за рата.

Не сум многу по економијата ама златно правило е да се зима кредит во валутата во која се примањата. Никој не може да ни гарантира дека нема да има девалвација на денараот во наредните 20-30 години!

*Нека ми извинат економистите ако сум употребил некој погрешен термин


B.T.W. Зошто до сега има само 170 корисници на кредитов, а многу повеќе станови во државава се купуваат на стандарден станбен кредит. 

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Чим е врзано со ЕУРИБОР, кредитот е во евра.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
кај нас сите кредити се деноминирани во евра, бар јас така знам.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Може и во евра и во денари, ама каматната стапка на кредитот во денари е скоро дупла, така да нема есап да земаш кредит во денари (освен ако знаеш со сигурност дека ќе има некоја голема девалвација).

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Фала Banzai,

Значи со тоа се влечат сите негативности кои ги напоменав, банките се заштитени бидејќи што и да се случи они нема да бидат во загуба. А кој гарантира дека за 5-10-15 години еврото нема да отиде на пр. на 70-80-90... ќе треба или да ти го земат станот и да ти пропаднат сите рати до тогаш или да даваш цела плата или две за ратата само, затоа што платата не ја зимам во евра и нема сигурно да РАСТЕ зависно од инфлацијата како во некои нормални земји.

Пр. бр. 1 (кредит во еур.)
- Ако ратата ми е 100 евра, на денешен ден тоа се 6.150 ден.
- Ако еврото за 10 години биде 95 денари, тоа се 9.500 ден. за рата

Пр. бр. 2 (кредит во ден.) - секогаш имаат поголема камата !
- Ако ратата ми е 6,150 ден. и за 10-15-20 години ќе ми биде 6,150 ден. независно од тоа колку е еврото.
 
... Барем јас вака ги разбирам работите....

Кај станбениот кредит, пример ќе ја земам Стопанска банка, го пишува следново:

Цитат
Износ
Од 3.300 до 150.000 ЕУР  за сите намени освен за купување деловен простор
Од 3.300 до 100.000 ЕУР за купување деловен простор
Валута
Денарски кредит /  Денарски со девизна клаузула

Ако може некој да објасни што е поточно „девизна клаузула“ (јебига машинец сум не сум економист или правник)


Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?

Пр. бр. 1 (кредит во еур.)
- Ако ратата ми е 100 евра, на денешен ден тоа се 6.150 ден.
- Ако еврото за 10 години биде 95 денари, тоа се 9.500 ден. за рата

Пр. бр. 2 (кредит во ден.) - секогаш имаат поголема камата !
- Ако ратата ми е 6,150 ден. и за 10-15-20 години ќе ми биде 6,150 ден. независно од тоа колку е еврото.
 

Кај Пр.бр.1 ратата ќе е 100 евра, а кај Пр.бр.2 ратата ќе е 8.000 денари, а не 6.150, заради значително поголемата каматна стапка на кредитите во денари, т.е. со денарска клаузула. Вака споредувај  :)

А што се однесува до девалвација, тоа никој не знае кога и дали ќе има. За девалвација се збори од 90` наваму, иако последна девалвација беше кога марката отиде од 28 на 31. Луѓето што штеделе овие 20 години во денари напраиле тешки пари (кој имал да штеди, нормално). Каматите за денари одеа и до 13-14%!!! Денес не се толку, но сепак, кој бизнис ти носи сигурен приход со принос од 10%, а со нула ризик?!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Да.... да точно! Во старт е поголема каматата.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Имам друго прашање дали владата со ова ќе субвенционира и полесно наоѓање работа, но без партиски книшки без паќање илјадници евра за работно место, без бркања врски ко сајли. Сево ова само за нормално да може да си го плаќаме тој кредит?

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
курсот на денарот е врзан со курсот на еврото.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max

B.T.W. Зошто до сега има само 170 корисници на кредитов, а многу повеќе станови во државава се купуваат на стандарден станбен кредит. 


110, не 170.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319

B.T.W. Зошто до сега има само 170 корисници на кредитов, а многу повеќе станови во државава се купуваат на стандарден станбен кредит.  


110, не 170.

бидејќи имаше само 110 со 50% учество,сега они смислиле подобар план со 75% учество.
реално гледано лош беше проектот.условите беа ужасни.и сега мислам дека не се нешто добри но бар се потрудиле.ако има мал одзив и сега ќе корегираат пак некој услови.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Владата нека си ги напика куќите на она место....  >:(