Не знам овој Цивик како е со простор внатре, но се возев еднаш во претходниот модел од 2016 година и беше многу тесно. Седев на задните седишта и немав воопшто простор за нозете, а тој пред мене седеше нормално, не беше нешто многу испружен. Искрено очекував повеќе простор. Исто така назад е низок, па може и главата да ти фаќа в плафон.