Секаде е подобар на Телеком интернетот, било град, било надвор од град, планина, село.... Надвор од град и нема споредба зошто од Прилеп до Битола на Оне неможеш еден единствен меил да отвориш, не па да вратиш или било каква активност со социјалниве мрежи да направиш.
Под надвор од град мислев испаѓаш од Велес и одиш накај Прилеп, кога си на Оне после венуле снемуваш интернет, добиваш потоа на радиус од 300м од патарината очаен интернет, потоа добиваш низ Росоман додека минеш очаен интернет и следно е во Прилеп. Одкога сум на Оне се случува да си слушам на истата релација песни од Јутуб цело време со минимално сецнување од по 10-30сек на 3-4 места. Релацијава Велес - Прилеп ја ставив како пример, на многу места е слична ситуацијата.
Единствено место каде што Оне има интернет на рамниште со Телеком а подобар од Вип е Крушево. Никогаш додека бев на Оне не сум видел брзина на спидтест над 4 mb/s и тоа во центар на Скопје каде Телеком стасува и до 10-11mb/s, и зборувам за 3G, 4G кое пак кај One нема ни опција да го имаш на било која претплата е неспоредлива работа па затоа не ја ни пишувам.