Изборот на оператор се сведува на потребите на индивидуалниот купувач. Ако некој е подготвен заради некаква заштеда да направи компромиси во поглед на квалитет, тоа е во ред. Бидејќи мене телефонот ми треба за работа и достапноста и можноста да зборувам без (поголеми) проблеми ми се важна работа, 200 денари месечно во претплатата не ми прават ама баш никаква разлика во однос на подобриот квалитет кој го добивам.
Можеби вие имате време да се заебавате со уклучи-3g-искучи-3g-лапнала-Донка-штрафцигер. Јас немам, нити па сакам да се заебавам со тоа. I just want my fucking phone to work, where I need it, when I need it.
И да, да не се лажеме, покриеноста и квалитетот на мрежата на T-Mobile се значително подобри. Не се најдобри и како и секоја мрежа, знае да има проблеми, али се подобри од VIP и One, сега за сега. За понатаму, ќе видиме.