Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 373566 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5853
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #885 на: 03 Ноември 2014, 15:01:56 pm »
За физички лица е муабетот. Јас не знам воошто дали некој добил досега бонус во Вип, ама едно знам дека ако не ми дадат бонуси нема да го продолжам договорот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #886 на: 03 Ноември 2014, 15:09:24 pm »
Добро значи не разбирам нешто овде изглеа. Со секое продолжување на договорот на определено време ти следува некој паричен износ кој можеш да го користиш како попуст при купување телефон, исто како и кога прв пат си потпишал договор. Нормално, ако обновуваш договор со твојата тарифа, попустот е помал.

Ако зборите за друг бонус покрај овој, во Вип не постои такво нешто.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5853
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #887 на: 03 Ноември 2014, 15:13:26 pm »
Вака, точно со секое продолжување на договор можеш да си земеш телефон кој ќе ти е поефтин тоа е јасно. Бонусите шо ги зборам се пари, пример го продолжуваш договорот и сакаш да земеш телефон кој на таа тарифа е со 15 000 денари доплата пример. Тебе ти следуваат 15 000  бона и ти наместо да доплатиш со кеш, ги користиш бонусите. Мислам дека постои, еднаш кога прашав таа ми рече да има таква можност но не се знае дали во периодот кога ќе го продолжуваш ќе може. Ми кажаа луѓе дека можеш некое барање да доставиш, така да ќе видиме. Денововиве па ќе прашам.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #888 на: 03 Ноември 2014, 15:59:28 pm »
Прашај си секако, би требало да ти дадат бонус. Во вип девојка ми имаше бонус, но тој бонус важеше за телефонот да го земи колку што чини без попусти за конкретната претплата. Пример имаше 16 000 бонус и си зеде некое хтц кој чинеше 16 000 денари само телефон, а договорот го продолжи на истата претплата.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5853
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #889 на: 03 Ноември 2014, 16:04:17 pm »
Ете за тоа зборувам. Иначе добро инфо, значи бонусите ќе важат само доколку телефонот го рачунаш колку што е само телефон, без претплата.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #890 на: 03 Ноември 2014, 16:52:34 pm »
Ова за ВИП ти кажувам, а со т-мобиле немам искуство. Порано пред 10тина години имаше клуб 360 ама дали тоа постои уште појма немам, па преку тоа се збираа поени.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3422
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #891 на: 03 Ноември 2014, 17:10:16 pm »
јас имам бонус на вип и тоа 50 проценти поефтина претплата. Не зборам за овие роденденски понуди или незнам што туку убаво си пишува тарифата е таа и таа кога купувам телефон си доплаќам за таа тарифа а како забелешка пишува дека е одобрен попуст од 50 проценти. Незнам дали ќе продолжи да важи бонусот и по истекот на 2 години али додека да истечат 2 години плаќам 50 проценти.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8264
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #892 на: 03 Ноември 2014, 17:47:31 pm »
Сеуште постои клуб360 и за правни и за физички лица. Дури сега во одредени продавници(тинекс и многу други) ако направиш сметка над 350 ден. добиваш поени кои можеш да ги искористиш за земање телефон или да си испазариш во продавниците со кои соработуваат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5853
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #893 на: 03 Ноември 2014, 18:14:50 pm »
Ова за ВИП ти кажувам, а со т-мобиле немам искуство.
За Вип и ме интересораше. Којзнае дали може и пари и бонуси заедно да се спојат, ќе одам убаво да се распрашам деновиве.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #894 на: 05 Ноември 2014, 13:21:37 pm »
Еве колку Вип е срање оператор.

http://www.speedtest.net/my-result/a/1032406485

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #895 на: 05 Ноември 2014, 21:27:59 pm »
Еве колку Вип е срање оператор.

http://www.speedtest.net/my-result/a/1032406485

друже... со мобилен интернет, да не се лажеме... еве јас ветувам дека утре (ако не заборавам) ке имате 2 слики од мене направено на оне... едното ке биде мноооогу подобро од оваа слика што си ја турил од вип а другата ке биде со проток со кој е невозможно да отвориш макар форум или меил...

значи сакам да кажам ова не ти е баш валиден тест... мобилен нет е... се движиш цело време... според мене само т-лопови имаат добар прием, било каде и било кога да тестираш ке има добар проток...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1966
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #896 на: 05 Ноември 2014, 21:59:01 pm »
:D

Кај мене над 4Mbps не иде. Мислам дека VIP ми го имаат ограничено. Инаку VIP 666.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #897 на: 05 Ноември 2014, 22:03:10 pm »
Ова е 4Г брзина и ја потврдувам во 90% од користењето.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #898 на: 05 Ноември 2014, 22:08:01 pm »
:D

Кај мене над 4Mbps не иде. Мислам дека VIP ми го имаат ограничено. Инаку VIP 666.

Имаш соодветна LTE картичка?

Онак тестов е направен во Аеродром кај Три Бисери, во затворен простор лежејќи на кревет. Го повторив сега во дневна со 15 mbps download и 30 mbps upload, што значи upload им е константен, download им варира. Чекајќи автобус пред Мавровка пред 2 недели стигнав до нешто под 60 mbps down и пак 30 mbps upload.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1966
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #899 на: 05 Ноември 2014, 22:13:45 pm »
Не, ама треба да иде и поише со обична..