разговор со сервисниот центар на ОНЕ (грижа за корисници) на 181.
пред 3 дена:
-добар ден, имам проблем со интернетот на мобилниот. многу често ми е спор, па и нај обични страници без ич слики му треба бајаги време да ги учита...
_а како ви е поставен сетингот за 3Г? мануелно само на 3Г или автоматско?
-автоматско секако, се движам натака навака, нема сегде 3Г мрежа.
_за да ви биде исклучиво брз интернетот ке мора да го поставите мануелно само на 3Г.
-ок, благодарам, ке го направам тоа веднаш.
ги (ја) послушав (операторката). направив така. осетно се подобри интернетот. но од следниот ден почна да ми се случува да ми крашува разговорот. среде разговор, едноставно ке се прекине врската, а и видно мрежата цело време се движеше помеѓу 2 и ниедна црта прием, па така денес, после 3 дена заебанции, пак се јавувам на дотичното бројче.
-добар ден, имам проблем со приемот на вашата телефонска мрежа. многу често ми се прекинува разговорот, но и често сум недостапен, т.е. гледам на приемот дека едвај 2 црти е цело време, многу ретко се случува нешто погоре да има.
_да господине (повторно лепушав женски глас), да ве прашам, сетингот за мобилен интернет на што ви е наместен, на мануелно 3Г или на автоматско?
-пааа.. овај... иако за телефонска мрежа се јавив, не за интернет, кога веке прашувате, ке ви кжам... пред 3 дена се јавив тука кај вас и се пожалив на интернетот, ми беше кажано, да го наместам на мануелно 3Г, и интернетот се оправи..
_е па, ке мора да го преправите на автоматско и ке ви се поправи приемот со телефонот и разговорите.
-чекај, каква врска има тоа?
_па има, приемот и за телефонските разговори иде преку едната или другата мрежа. ако сте го ставиле на 3Г тогаш само таа мрежа ја користите, и секогаш кога ке се изгуби, а вие зборувате, едноставно се губи и приемот па соодветно на тоа и телефонскиот разговор се прекинува...
-и чаре?
_па вратете го на автоматско и ке немате проблем со разговорите.
-можеби да, но ке имам проблем со интернетот!
_па на нас од ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ни рекоа да им пренесуваме на луѓето да бираат што им е по приоритетно, тоа да го прават.. ако ви е нетот по приоритетен, тогаш мануелно на 3Г, а ако се разговорите, тогаш автоматско....
-чекај малку... мене ми есе приоритетни и двете... ако не ми беа, немаше да зимам пакет со неограничено КОН СИТЕ РАЗГОВОРИ и дури 5 ГИГАБАЈТИ интернет на мобилен
_незнам што да ви кажам, НАС ОД ТЕХНИЧКА ПОДДРЖКА НИ РЕКОА ТАКА ДА ПОСОЧУВАМЕ..
-абе ало, ми требаат и двете опции... ги плаќам и двете опции... ги сакам и двете опции, ЗАТОА И ГИ ПЛАЌАМ...
_да, ам НА НАС ОД ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НИ РЕКОА ДЕКА...
-да да, сватив, да бираме ние или тоа или тоа, неможе и двете...
_па така се сведува, дека имате избор, затоа што НА НАС ОД ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА..
-АБЕ ДА ИДЕТЕ У ТРИ ЛЕПЕ ПИ*КЕ МАТЕРИНЕ И ТИ ПАПАГАЛУ ЕДЕН И ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА И ОНЕ И СЕ ПО СПИСОК!! ова е класичен заеб... ебате поддршката, ебате, кога имаш ТЕЛЕФОН со ИНТЕРНЕТ и можеш да бираш или едното или другото да ти бидат добри... никако и двете...
исто како да купиш 4 нови гуми и да ти речат, бирај кои две гуми да ти тресат... тотално сум се разочарал од оне... ги сметав за подобри од вип, ама по се изгледа се исти курац... само што потпишав со нив пред месец-два... следно ми е во т-шит да видам...