Денес имав многу позитивен завршеток на остварување на право на гаранција со T-mobile, иако малце спори беа ептен ме изненадија кога на крај ми го сменија телефонот со нов, проблемот го имав неколку месеци па после наводно се оправи за да пред 3 недели скроз почне да губи мрежа телефонот, 9 дена пред истекување на гаранција , го однесов во салон го земаа и денес ми дадоа нов телефон со образложение дека стариот не се поправа. Се на се одлично искуство иако 2 недели ми изгледаат како долг период но тоа е што е, битно се помина без натегање. Сега си имам старо-нов HTC One (m7).
Друга битна работа е тоа што на овој телефон камерата ги нема оние розеви духови кој се појавуваа на слики со слаба светлина т.е. не успеав во затемнета соба да ги приметам ама сигурен сум дека нема да го има тој проблем.