Моментално дома сите (4ца) се префрливме на One..
-Мрежа има потполно секаде.. Една недела сум веќе, одам и по села и по планини, нонстоп мрежата си е на вкрај..
-Интернетот на Едџе не е нешто посебно, али брка работа за допишување на фб, whatsap, viber... Додека на 3g, H, и H+ си е екстра брз.. А и добра покриеност има, барем во Кичево и околината си лета на 3г, х и х+ без проблем...
-Односот кон корисниците им е сосема океј.. На фб, на меил и во живо.. Кога и да им пишам на фб или незнам каде одма ми одговараат ми објаснуваат све како што е..
-Во салонот ги има 90% од телефоните на лагер што ги има на страницата..
Додека...
Т-мобајл.
-5 пати им појдов 5 пати ми кажаа да појдам другата недела, пошто се потрошиле сите телефони што биле на понудата од 650..
-Мрежата им е на слично ниво со Оне.. Интернетот малку побрз..
-Телефоните им се поевтини али тешко дека ќе го начекаш некој на лагер (барем во Кичево е така), Huawei P6 го чекав 2 месеци, ме лажеа другата недела, за 2 недели дојди, се додека не ми кажаа дека нема да го имаат повторно..
Вип..
-Мрежата им е далеку послаба од One, интернетот тапа..
-Во Кичево немааат свој салон, имаат некои си партерски продавници, Handy и Infocell, кои имаат само 3 телефони на лагер, и тоа моделите се стари по 2 години..
-50 пати им појдов да прашам зошто на претплатата од 499 денари со све неограничено ми иди по 700/800 денари сметка, и кога незнаат што можи да биди.. кога не можеле да видат што е работата.. некогаш дури ми викаа сум го искористил интернетот од 1гб (при што останатиот е со намалена брзина), а немам потрошено ни 100мб..