Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 323291 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #525 на: 24 Јуни 2014, 07:57:32 am »
Баш престојував во Ск еден период и се уверив дека мрежата на вип не ја бива. 6 години сум на вип и до сега сум немал такви проблеми тука во Гевгелија како што имав за 10 дена во Ск.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #526 на: 24 Јуни 2014, 09:52:05 am »
НЕ! имаат мал напредок. у задње време почнаа да им работат смс пораките дека си бил недостапен. претходно не си ни знаел. јас бидејки работам по телефеон, на дневна база имам нај малку 5 повици од луѓе, а многу често и повеќе кои ми викаат: “те барав прееска, ама беше недостапен“...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7562
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #527 на: 24 Јуни 2014, 15:19:48 pm »
Ja дефинитивно идам на One.

-Првата грешка на VIP им беше со нагрдната игра, ми собраа 400 денари, ради тоа што не сум им кажал дека не сакам да учествувам во наградната игра.
Игра за која ми пратија порака дека првите неколку круга се бесплатни.
-Втората, поднесов приговор за "искористениот" интернет, 5 дена нема одговор.
-Третата, и онаа која го прекипе млекото.
Со пакетот кој го имам, за 555 денари добивам 1gb интернет сообраќај. Го поминав тој лимит, и во договорот ми стои дека се должни да ми ја продолжат услугата, но со намалена брзина.
Бидејки намалената брзина значи 10 минути отварање на една страница, активирав пакет од додатни 100 мб кои мислев дека ке ми бидат доволни до крај на периодот.
Финтата била што откако ке ги искористиш тие 100mb, ти го гасат интернетот целосно, иако претходно по договор, стои дека треба да имаш интернет конекција со намалена брзина.

Уште 2 или 3 месеци имам со Виповците, и више очи нема да ми видат.

Со новите пакети на One, добивам неограничен број на минути, пораки, и 3 пати поголем интернет сообраќај. Да не збориме за покриеност на мрежа.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #528 на: 24 Јуни 2014, 15:24:44 pm »
И јас можно е да сменам на Тебале или Оне. Ова на вип не се трпи веќе. Последниов месец нема повик кој не ми дисконектнал. Интернетот да не збориме.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #529 на: 24 Јуни 2014, 15:28:11 pm »
One се добри но интернетот често се случува да биди бавен и ништо да не отвара во центар на град (Прилеп), а во неделата бев во некои околни села, интернетот тапа. Најдобро прво земете припејд број и пробајте каков че биди интернетот на местата каде најмногу го користите, да не биди џабе договорот!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7562
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #530 на: 24 Јуни 2014, 15:53:14 pm »
One се добри но интернетот често се случува да биди бавен и ништо да не отвара во центар на град (Прилеп), а во неделата бев во некои околни села, интернетот тапа. Најдобро прво земете припејд број и пробајте каков че биди интернетот на местата каде најмногу го користите, да не биди џабе договорот!

Good tip ...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #531 на: 24 Јуни 2014, 16:07:04 pm »
@Tommy

Мене кај ОНЕ најмногу ми се допаѓа Роам лајт. Секаде од странство смс ми е 5 ден. Имам баjaги пари заштедено така, пошо во некои земји смс е 20 ден. Нормално нетот им е тапа али барем со едџе се секаде покриени, памтам во Дојран лани имаше само едџе годинава фураше 3г скоро секаде, што значи работат на подобрување.
Инаку кога се префрлив од ВИП при-пејд во ОНЕ постпејд имав една сметка гратис за тоа што сум се префрлил, нит 200 ден за префрлање нит ништо не платив. Еден вид како награда за тоа што сум ги избрал. А ова што го кажувате за Т-Мобајл дека бараат 200 за префрлање е бедно со оглед на тоа што ти менуваш страна па место они да те наградат они те казнуваат.
За мене ОНЕ ми се најдобри за вложено-добиено, Т-Мобајл се најдобри, а ВИП не ги коментирам. Инаку пред некој да рече од кај ја да коментирам за сите, да пишам дека сум бил на сите оператори. Е сеа ОНЕ има и најскапи телефони, што за некој може да е пресудно. Башка и цените не ги менуваат со години. Срамота али тоа е. Без добар газда тоа е.

Тоа со недостапноста се случува кај сите оператори ... Најнагласено кај Вип. Мене на Оне ми се случување прилично често али послениве месеци ми се нема случено. Најчесто е заради мобилниот поради слаб сигнал менува мрежа од едџе во хдспа и обратно па си знае да заглави ...
Да тапа е нетот на Оне али подобро слаб нет отколку никаква мрежа. Т-Мобиле си се најдобри нема збор.

На ОНЕ имаш лог на сите разговори, смс и интернет на месечно ниво по повикуван број, ден и час, времетраење итн ... во случај да се сомневаш. Јас еден месец баш проверував и точни се. Башка можеш да ги експортираш во Ексел и да си правиш анализа ако сакаш :) . Единствено не ми се допаѓа што немаат онлајн за плаќање сметка, али ќе го сределе тоа наскоро баш сеа кога плаќав прашував.



Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #532 на: 24 Јуни 2014, 20:27:45 pm »
Моментално дома сите (4ца) се префрливме на One..

-Мрежа има потполно секаде.. Една недела сум веќе, одам и по села и по планини, нонстоп мрежата си е на вкрај..
-Интернетот на Едџе не е нешто посебно, али брка работа за допишување на фб, whatsap, viber... Додека на 3g, H, и H+ си е екстра брз.. А и добра покриеност има, барем во Кичево и околината си лета на 3г, х и х+ без проблем...
-Односот кон корисниците им е сосема океј.. На фб, на меил и во живо.. Кога и да им пишам на фб или незнам каде одма ми одговараат ми објаснуваат све како што е..
-Во салонот ги има 90% од телефоните на лагер што ги има на страницата..

Додека...
Т-мобајл.
-5 пати им појдов 5 пати ми кажаа да појдам другата недела, пошто се потрошиле сите телефони што биле на понудата од 650..
-Мрежата им е на слично ниво со Оне.. Интернетот малку побрз..
-Телефоните им се поевтини али тешко дека ќе го начекаш некој на лагер (барем во Кичево е така), Huawei P6 го чекав 2 месеци, ме лажеа другата недела, за 2 недели дојди, се додека не ми кажаа дека нема да го имаат повторно..

Вип..
-Мрежата им е далеку послаба од One, интернетот тапа..
-Во Кичево немааат свој салон, имаат некои си партерски продавници, Handy и Infocell, кои имаат само 3 телефони на лагер, и тоа моделите се стари по 2 години..
-50 пати им појдов да прашам зошто на претплатата од 499 денари со све неограничено ми иди по 700/800 денари сметка, и кога незнаат што можи да биди.. кога не можеле да видат што е работата.. некогаш дури ми викаа сум го искористил интернетот од 1гб (при што останатиот е со намалена брзина), а немам потрошено ни 100мб..

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #533 на: 24 Јуни 2014, 22:00:22 pm »
Buzuki nemoj da sporeduvas brzina na internetot na T mobile i One  bidejki T-mobile pogotovo vo skopje leta netot ja sum prezadovolen dodeka kolegi sto se na one maka macat  a za vip dane pravime moabet

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #534 на: 24 Јуни 2014, 22:37:39 pm »
Лесно е да ти направат мрежа како монопол, оди направи ја сам.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #535 на: 26 Јуни 2014, 09:24:48 am »
internet samo na t-mobile, za razgovori site drugi operatori.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #536 на: 26 Јуни 2014, 09:53:26 am »
Јас не знам со КОЈ ПАМЕТ сте потпишувале договор со VIP in the first place...

Се полакомивте по нереална цена? Терајте си сега.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #537 на: 26 Јуни 2014, 09:57:40 am »
уште неполн месец... се собираме јас и сите мои телефонски линии и иуслуги од кај вип и идеме во...? е тука е проблемот, неможам да се одлучам...т-геј ме влечат заради одличниот интернет и прием, ама незнам како се со цените наспроти оне-геј наспроти ниските тарифи... кој би предложиле вие? отворен сум за предлози.... значи да речеме дека имам просечно помеѓу 2 и 4 илјади минути месечно разговор звонето од кај мене. значи разговори ај да сведеме на 3.000 нека бидат. исто така мобилен интернет ми е потребен. ако има опција со минути кон странство во пакетот ок, ако не, можам и без нив, т.е. по потреба ке си доплатам. за смс бесплатни пораки ми е непотребно, но нема да ми смета ако ги има, ама далеку од тоа дека ми требаат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #538 на: 26 Јуни 2014, 10:02:23 am »
Од ОНЕ промо пакет.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #539 на: 26 Јуни 2014, 18:36:08 pm »
Како и на сите што сум препорачувал до сега, така и на тебе - ако телефонот ти е потребен и пресуден за работа, не смееш да ризикуваш. Оди си на T-Mobile.