Мене кај ОНЕ најмногу ми се допаѓа Роам лајт. Секаде од странство смс ми е 5 ден. Имам баеги пари заштедено така, пошо во некои земји смс е 20 ден. Нормално нетот им е тапа али барем со едџе се секаде покриени, памтам во Дојран лани имаше само едџе годинава фураше 3г скоро секаде, што значи работат на подобрување.
Инаку кога се префрлив од ВИП при-пејд во ОНЕ постпејд имав една сметка гратис за тоа што сум се префрлил, нит 200 ден за префрлање нит ништо не платив. Еден вид како награда за тоа што сум ги избрал. А ова што го кажувате за Т-Мобајл дека бараат 200 за префрлање е бедно со оглед на тоа што ти менуваш страна па место они да те наградат они те казнуваат.
За мене ОНЕ ми се најдобри за вложено-добиено, Т-Мобајл се најдобри, а ВИП не ги коментирам. Инаку пред некој да рече од кај ја да коментирам за сите, да пишам дека сум бил на сите оператори. Е сеа ОНЕ има и најскапи телефони, што за некој може да е пресудно. Башка и цените не ги менуваат со години. Срамота али тоа е. Без добар газда тоа е.