ново правило во вип... ми идеше да ја наденам на кола таа на шалтерот.... едната и последна работа што ми остана во вип е бум тв-то... не го користам 1,5 година, исклучено, стои, а го плаќам секој месец... денес идам и да го откажам, чекам колона во вип (мнооооогу несериозно е тоа на денешно време) од 40 минути за кога дојдов на ред ми вика дека НИВНАТА ПРОЦЕДУРА била да се јавам на тел. број што ке ми го дадат они, па да разговарам со тие таму.. збеснав, и се исподрав на таа на шалтер дека НЕМАМ ШТО ДА РАЗГОВАРАМ СО НИКОГО, затоа и сум дојден тука, а не по тел. да се објаснувам, ама џабе, не е ни она крива.. се јавив, ме трткаа 5-6 мин на телефон, па зашто, па како, па да ви понудиме ова, па она па... алооооо... не ми треба ништо од вас разбирате ли? пријатно... не бе, не те пушта да раскинеш договор, имало уште 3 месеци од договорот... е како има има уште 3, кога во 2013-та потпишав со вас 24 месечен договор, сега сме 2017-та... не не, има тука документи потпишани од вас...
на прашањето ДАЛИ ГО ГЛЕДАТЕ МОЈОТ ПОТПИС на документите, добив одговор ДА, ЕВЕ ГО ВАШИОТ ПОТПИС... (да потсетам дека по тел. разговараме)... следното прашање мое беше ОД КАДЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА Е ТОА МОЈОТ ПОТПИС? и се уќуте, немаше одговор, после 15 секунди продолжи да меле за опциите за раскинување договор, и како тоа јас за бум од 150 денари месечно, за следниве 3 месеци до истек на договорот ке треба да им платам 4.500 денари... ја подпрашав пак дали е договорот потпишан, ми одговори потврдно и пак сврте на друга страна со муабетот... можда има нечив потпис таму, но не мој т.е. не од мене потпишан...
од тука, право кај мојата адвокатка, она следниве 48 саати (по закон) ке комуницира службено со ВИП.ОНЕ и мора да и ги дадат документите т.е копија од договорот, па да видиме чив потпис има таму и кого се обидуваат да направат будала... у секој случај, заради малтретирањево денес и дополнително ако се докаже дека фалсификувале мој потпис обавезно тужба мавам... и ќе ги растртам на сите медиуми што можам да стигнам... племето аждајско...
телеком е поскап? ако... нека е.. барем се доследни, скоро па ич не се дешава мрежа да ми падне или па разговор да се прекине, а ако се прекине разговор, СЕКОГАШ ги прашувам од другата страна на кој оператор се и ниеден до сега не бил од телеком (зборам за крашната комуникација додека разговараш)... значи и даље си има проблем вип.оне со стабилноста на мрежите... како и да е, како што гледам се повеќе у телеком идат, кога пазарот ке падне на 20-25% корисници на вип.оне, тогаш веројатно нема да имаат проблем со крашување на разговори. ке имаат доволно капацитет и брзина да ги задоволат тие малку корисници...
и да... ЗЕРО... АВТОМАТСКО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОР ПОСТОИ ако во првиот договор има вметнато таква некаква клаузула која вели дека по истекот на договорот, ако нема никакви променети барања од корисникот во рок од 2-3-5 календарски денови, договорот се продолжува на нови 24 месеци автоматски... само мислам дека има го забранија тоа пред некој месец, а оние што добиле више автоматско продолжување, им важат договорите, затоа шт нели законот кај нас е дециден дек СО ИЗМЕНА НА НЕКАКОВ ЗАКОН, ИСТИОТ НЕ ВАЖИ РЕТРОАКТИВНО... така да пак го папал ку*от обичниот човек-корисник од кого всушност овие лопужи и живеат...