@Гојде, не знам што ти текна да го мешаш Даре во муабетот. Го запознав дечкото, сосема на место е. Не е тоа темата, батали.
@Другите, малку пауза, да му објаснам неколку работи на ДасАуто.
@DasAuto: Внимателно прочитај што ќе ти напишам. Потруди се да ме разбереш, пошто стварно искрено се надевам дека ќе ти помогнам.
Значи, со ред..
1. Никој не оспоруваше дека Мерцедесот може да вози 250. Сеирот го фативме бидејќи пробавте да се искурназите со фотошопирана слика. Да признаевте, ќе се посмеевме уште малку и ќе заборавевме. Но, вие продолживте со инатот и ароганцијата, па дури се дрзнавте и да навредувате. Во таква ситуација, сеирот е уште поголем и подобар. На сето тоа, ти се најде да изиграваш портпарол (а тоа го правиш редовно во последно време, постираш слики од коли на други пред тие да си ги објават, итн) и да го браниш тој што ја постирал сликата.
2. Едно од основните правила на созревање и станување вистински маж е да се научи да се признае кога се греши. Сите, ама баш сите овде сме направиле по некоја монументална глупост во животот. Во оној момент кога сме ја признале грешката и сме се извиниле, работите продолжиле понатаму со нормален тек.
3. Пробавте да излажете форум полн со луѓе кои се разбираат во коли. Како не сфаќате дека тоа е фантастично иронично, и дека е заслужно за секој сеир кој ќе го добиете? Пробавте да садите краставици со родени сеирџии, и луѓе кои имаат значително повеќе искуство кога станува збор за коли. Си го меревте со магариња. На форумов има луѓе кои возеле значително побрзи коли од тој Мерцедес.
4. Наместо да бидете фраери кои се возеле 230 (со доказ слика) со Мерцедесот, испаднавте (ќе ми простиш на изразот) сељаци кои пробаа да лажат дека се возеле 250. Ја гледаш иронијата?
5. Сеуште си млад. Мнозинството од луѓето на форумов се значително постари од тебе. Ароганција и непочитување не пали. Ако сакаш луѓето да те почитуваат, мораш и ти да ги почитуваш.
6. Го разбирам твојот ентузијазам. Меѓутоа без почит, џабе, а очигледно сеуште не си ја научил таа лекција. Пример? При етаблиран, докажан и долго-постоечки BMW клуб во Македонија кој еднаш месечно организира некаков собир, ти се најде паметен да правиш втор „клуб“ на фејсбук. Не ти е срам? (И не, група на фејсбук не е „клуб“.. Се накотија „клубови“.)
На форумов се истерани многу, многу сеири, ама постојат и многу, многу пријателства. Се што треба да направиш за да се вратат работите во нормала е да си ја признаеш грешката, да се извиниш на форумџиите, и да бидеш спремен да го истрпиш сеирот - пошто е заслужен. И тоа како е заслужен - еден од најдобрите сеири што сме ги имале до сега.
Ете така.. Размисли малце за овие работи, па одговори ми, ама јавно и искрено - нема потреба од педерски потези преку приватни пораки.
BTW, Велештрумф ми е еден од најблиските другари, се знаеме скоро 15 години и му бев девер на свадба, и истовремено е модератор тука затоа што му верувам - немој да помислиш ни за момент дека ако му пишеш нешто против мене, против форумот или против членовите, тоа нема да дојде до мене. Експерт.