Некои ќе напуштат, други ќе дојдат. Форум е тоа...Ништо чудно, ништо страшно. Секако, убаво е да има староседелци, ама на некои луѓе им се менуваат интересите, па тераат на друга страна

Што се однесува до карактерот на луѓето, едноставно не треба да поттикнуваме такви дискусии и треба да внимаваме и што реплицираме, а и два-три пати да размислиме пред да одговориме на провокација. Користете го почесто „пријава на модераторот“ копчето, ако некој пост го сметате за навредлив, несоодветен или е со било каква конотација која потенцијално може да доведе до расплинување на погрешни дискусии.