Автор Тема: Elefantino  (Прочитано 16024 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #45 на: 05 Февруари 2013, 20:57:43 pm »
Зошто си сигурен дека не се применуваат?

http://en.wikipedia.org/wiki/Water_injection_(engines)

инјектирање на вода во моторите како метод за ефективно зголемување на октанскиот број нема совршено никаква врска со ххо. Инјектирањето вода (или етанол) ја разладува смесата и овозможува да се набута повеќе (а не помалку) гориво во секој циклус, без притоа да настане спонтано самозапалување. Но, сеедно, ова нема благе везе со екстракција на водорот и негово инволвирање во согорувањето.

конечно, во линкот до статијата која ја пушти не се споменуваат никакви бродови... ја прочита, или онака ја акна без да ја ѕирнеш?

за ххо сум сигурен дека не се применува затоа што не сум нашол ниту еден извор кој ќе ми каже дека се применува. Но, затоа, сум нашол мал милон независни извори кои се едногласни дека тоа е џирло хороскоп превара.

не дека ми требаа тие линкови за да знам дека е превара - не спиев на часовите физика во ОСНОВНО школо.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #46 на: 05 Февруари 2013, 21:08:05 pm »
Од 10:00 - 12:50

Not a valid youtube URL

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #47 на: 05 Февруари 2013, 21:14:31 pm »
дури ми е страв да кликнам на клипов пошто ќе биде една од овие две ствари:

1. жива глупост

или
 
2. неповрзано со ххо

не знам дали ќе биде 1 или 2 и искрено не ме занима

разложување на водород и кислорот троши повеќе енергија отколку што дава и ниту еден клип нема да може да го смени ова фундаментално својство на вселената.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #48 на: 05 Февруари 2013, 21:19:23 pm »
Напротив, има еден од тестовите ... Пази, не е ова Сител ;)

Кога сме кај природните закони, како го објаснуваш ова (ако не е ХХО, поентата ми е дека не мора баш све да има објаснение и ти да си го учел тоа у основно :) ):

Not a valid youtube URL

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #49 на: 05 Февруари 2013, 21:21:34 pm »
Напротив, има еден од тестовите ... Пази, не е ова Сител ;)

да, чим е на српски објективноста е загарантирана.

него, пази ова:


Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #50 на: 05 Февруари 2013, 21:25:59 pm »
Не го погледа, нели?



За овој Биба цел свет знае, а овој твојов ... незнам, некако ко потресен ми е.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #51 на: 05 Февруари 2013, 21:51:20 pm »
За овој Биба цел свет знае, а овој твојов ... незнам, некако ко потресен ми е.

цел „Свет“ (магазин) знае :-)

Biba was an iconic London fashion store of the 1960s and 1970s.
Biba may also refer to:
BIBA, the British Insurance Brokers’ Association
Biba Model, a formal state transition system of computer security policy
Biba Dhaka, a village in Pakistan
Andriy Biba, Soviet football player and Ukrainian coach
Biba Golic, Serbian table tennis player

Не знам што уопште се впуштив во дискусија.

терајте, ставајте такви уреди и штедете гориво.... во своите фантазии :-)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Elefantino
« Одговори #52 на: 05 Февруари 2013, 22:41:11 pm »
Зошто си сигурен дека не се применуваат?

http://en.wikipedia.org/wiki/Water_injection_(engines)

http://en.wikipedia.org/wiki/Oxyhydrogen

Првиот линк е сосема друго. Ситната водена прашина помага да се спречи самозапалувањто на смешата, или виртуелно го „зголемува“ октанскиот број на горивото. Турбашите кои коирстат високи притисоци, често шприцаат микс од вода и метанол за разладување на смешата.

Вториот линк има еден мнооогу јак цитат:

Цитат
An article in Popular Mechanics reports that Brown's gas can't even increase the miles per gallon (MPG) of your vehicle, and that the only real savings come from tampering with your engine, which may confuse the anti-smog controls.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #53 на: 05 Февруари 2013, 23:08:23 pm »
Зошто си сигурен дека не се применуваат?

http://en.wikipedia.org/wiki/Water_injection_(engines)

http://en.wikipedia.org/wiki/Oxyhydrogen




Првиот линк е сосема друго. Ситната водена прашина помага да се спречи самозапалувањто на смешата, или виртуелно го „зголемува“ октанскиот број на горивото. Турбашите кои коирстат високи притисоци, често шприцаат микс од вода и метанол за разладување на смешата.

Вториот линк има еден мнооогу јак цитат:

Цитат
An article in Popular Mechanics reports that Brown's gas can't even increase the miles per gallon (MPG) of your vehicle, and that the only real savings come from tampering with your engine, which may confuse the anti-smog controls.

Па филипв рече „како го објаснуваш фактот што овие скаламуции не се применети на моторите на прекуокенаските бродови?“, а ја под скаламуции ги сфатив сите продукти кои се според него дискутабилни.
У врска второто, иновации (самиот збор кажува) е дека се нешто што го немало вчера (кога е пишуван текстот), а го има денес по саеми, награда Никола Тесла и т.н.
Стварно мислите дека некој би си дозволил да биде јавно исмеан? Ги видовте резултатите од Дино мерењата? Ги слушнавте мислењата од корисниците? Највише ме интересира Винча у целава приказна, а филипв што (не)вешто ги избегнува моите одговори (пошто едноставно нема објаснување, а немам искрено ни ја, па ни ти...), па подјебава за човекот кој е природен феномен, споредувајќи го со (лажни)пророци ... не би ме зачудело и кога би рекол дека Тесла е фингирана српска пропаганда со цел да го завара светот (едино би бил можда у право за сликата со молњите под кои Тесла седи и чита :) ), ама тоа е друга прича.
Немам намера да ставам вакво нешто за заштеда, ја ни плин немам како повеќето од вас, ама Pod default не ги одбивам работите кои не ги разбирам во целост, поготово ако се поткрепени со документирани документи за тврдењата на производителот.
Одговорете ми бар на ова прашање, пошто на претходните не сакавте: Хемијата е природна наука меѓу другите и се заснова на законите на природата, па според тоа - дали би испиле 100 мл солна киселина помешана со 100 мл жива сода? Ама искрено, бар овој пат!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #54 на: 06 Февруари 2013, 07:28:55 am »
Pod default не ги одбивам работите кои не ги разбирам во целост, поготово ако се поткрепени со документирани документи за тврдењата на производителот.

Toкму на оваа арка-трече-око-нло-пирамида-масони-баба-ванѓа лековерност рачуна производителот. Таа лековерност му е камен-темелникот на бизнис планот. Без неа ништо не направил, му отиде пласманот у курац.

Кога не ги разбираш во целост работите, идејата не е да му веруваш на продавачот, туку да почнеш да ги разбираш работите кои не ги разбираш. Продавачот СЕКОГАШ ќе ти каже „мојот производ е топ“.

Башка и ова: да веруваш во вакви бесмислици треба ОСНОВИТЕ да не ги разбираш, а не едноставно некои делови од знаењето да ти фалат („не ги разбирам во целост“). Наместо „не ги разбирам во целост“ треба да „не ги разбирам воопшто“ и плус да си лековерен („произведувачот тврди...“) за па уопште да помислиш дека вакво нешто би можело да штеди гориво, покачува снага итн итн...

Одговорете ми бар на ова прашање, пошто на претходните не сакавте: Хемијата е природна наука меѓу другите и се заснова на законите на природата, па според тоа - дали би испиле 100 мл солна киселина помешана со 100 мл жива сода? Ама искрено, бар овој пат!

каква врска има ова со ххо?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #55 на: 06 Февруари 2013, 08:06:15 am »
     Нема со ххо, ама има со твојот начин на размислување, не си забележал дека за секоја тема ти си „поинаков“? Двеве високо отровни соединенија кога ке се измешаат даваат чиста вода за пиење (да не се задавиш од лепчето со путер) и плус солца да си ставиш одозгора, да ти биде повкусно :) Ете тоа ми беше поената!
     А тоа дали ја и колку разбирам, бар имам доблест да си признаам - јебига не сум вундеркид нити сакам да бидам, лошото е кога некој е убеден во нешто што не е ... у ствари тоа е опасно по себе и околината. Ништо лично, генерализирам ! ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #56 на: 06 Февруари 2013, 08:22:25 am »
    Нема со ххо, ама има со твојот начин на размислување, не си забележал дека за секоја тема ти си „поинаков“? Двеве високо отровни соединенија кога ке се измешаат даваат чиста вода за пиење (да не се задавиш од лепчето со путер) и плус солца да си ставиш одозгора, да ти биде повкусно :) Ете тоа ми беше поената!

Koj e мојот начин на размислување?

И не, не сум за секоја тема поинаков (sic), од каде тоа? Ако не си приметил, влегувам во дискусија само кога некој ќе одвали тешка глупост (неврзување на автопат, звукот од моторот побитен од ефикасноста, ххо и слично...)

А тоа дали ја и колку разбирам, бар имам доблест да си признаам - јебига не сум вундеркид нити сакам да бидам, лошото е кога некој е убеден во нешто што не е ... у ствари тоа е опасно по себе и околината. Ништо лично, генерализирам ! ;)

Затоа кога нешто не разбираш треба да се потрудиш да го разбереш, а не да веруваш на свакојаки преваранти кои ќе ти фрлат пар бесмислени графици, клучни јаки зборови тесла винча и сл.

За последен пат: ковалентните врски меѓу водородот и кислородот во водата се исклучително јаки и енергијата потребна за нивно раскинување ја надминува енергијата добиена со согорување на водородот. Да не беше така, немаше да се мачиме со нафта, природен гас, хидроелектрани, нуклеарна енергија итн итн.... Просто ќе ја двоевме водата на водород и кислород, па таа мала позитива ќе ја искористевме за НОВО двоење на водород и кислород итн итн. Доволно ќе беше да врземе во серија неколку илјади такви двојачи и на крај ќе добиевме практично бесплатна енергија од вода во произволни количини и ќе ги решевме сите енергетски проблеми на човештвото.

За жал, тоа не е така и јеби га.

ххо, елефантино, екобуст и слично се тешки, тешки, тешки глупости кои се базираат на незнаењето на потенцијалните купувачи. Нивните произведувачи многу добро знаат колку малку знае просечниот купувач и врз тоа незнаење го базираат сопствениот бизнис план. Си чул за pxd пирамида? Eпа истото е.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Elefantino
« Одговори #57 на: 06 Февруари 2013, 08:27:54 am »
@Djidji, Го изгледав видеото, баш од оној дел што го посочи. Па слушај ги што зборат! Демек на незагреана кола немало ефект и потрошњата во градски услови на кратки релации речиси иста останала.
Прво што се приметило остено зголемување на снагата.Покажуваат Дино мерење - нити покажуваат колку било пред и по, ниту во проценти кажуваат колку е зголемена снагата. (сумњиво?)
Се возела на кратки релации па во град немало осетно намалена потрошувачка. (што има врска на какви релации и во какви услови, ако намалува потрошувачка, намалаува! Ако не - не!)
При брзини  до 100км/ч (?) не била потрошувачката поголема од 7л/100км (?? ?? ??) а до 130 не преоѓала 8л/100 Па колку сакаат да троши?! Nе знам за кој мотор се работи, но eве да претпоставам дека е 1.8 со 115кс. Потрошувачка на отворено по спецификација 6,3 l/100km!
Ако се работи за 2.0 145кс, тогаш потрошувачка на отворено 6,8l/100km, по спецификација! Кејс клоузд! Не добиле НИ-ШТО!

Баш ме занима што кажале стручњаците од Винча на кои толку се повикуваш. Оноа графикот од турскиот универзитет покажува дека хидрооксид гасот може да донесе подобрувања во работа на моторот, но никаде не вели дали е екстерен извор на HHO (боца надрукана со HHO) или е самопроизведен (со агрегати на самото возило). Нити се наведува колкаво количество од гасот се внесува процентуално, молски или тежински заедно со горивото. (типично за некој кој сака да направи обмана)


И што се однесува до HCl+NaOH=H2О+NaCl, едноставно не би го испил, зошто солена вода не ми е по вкус. Иако и јас не ја разбрав поентата на прашањево.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Elefantino
« Одговори #58 на: 06 Февруари 2013, 08:31:48 am »
Ако се работи за 2.0 145кс, тогаш потрошувачка на отворено 6,8l/100km, по спецификација! Кејс клоузд! Не добиле НИ-ШТО!

добиле мало, незначително ЗГОЛЕМУВАЊЕ на потрошувачката, онака како што налагаат природните закони.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Elefantino
« Одговори #59 на: 06 Февруари 2013, 09:49:43 am »
O.K. Еве да претпоставиме дека е така т.е. потрошувачката не е намалена или е незначително зголемена, или ај вака - ЗАКЛУЧИВ дека е така!

Дали перформансите на дизел мотор од 1500 кубици би се зголемиле со додавање на екстра волуменско гориво од 60dm3 на час со калорична вредност од 142 MJ/kg ?
Дали би се намалила емисијата на HC и CO гасови?
Дали моторот би бил почист и дали би му се зголемил векот на траење?
На крај, дали оној документ со графиците погоре од странска независна институција е фингиран? Ако е така тогаш е кривично дело. Ја мислам да ги тужиме за измама, ем ќе станете популарни, ем пари ќе добиете, па и форумов можда ќе има некој бенефит од све ова. Не, озбилно, зарем некој Универзитет со факултети од техничките науки би издал нешто со кое би го изгубил реномето ИЛИ Србиве, мафијаши решиле да си го пљачкаат својот веќе и онака осиромашен народ, остај тоа па и се шират као вирус ... дури Словенците успеале да ги изманипулираат :)

Еве ја попладне ќе им пуштам меил, само дај помогнете кои прашања да им поставам, пошто аргументите на филипв веќе ги знаат и тоа убаво ;)