Сфаќам и вложен труд и дека колата си вреди сигурно над 10000 евра за некого ама многу ме нервираат такви огласи у смисла ''спремни да ги избројат парите'' или ''без досаѓање''. Дали треба прво да извадам 15 000 од банка па после да се осудам да ѕвонам на телефон или ако не сум сигурен дека не ја сакам колата воопшто и да не одам да ја гледам.
Ич да не се нервираш и да го заобиколиш огласот пошо очигледно не си имал можност да објаснуваш на неписмен народ коа ќе те прашаат дали е редовно сервисирана...
Мала дигресија: Кога го продавав стариот мотор, дојдоа преку 20 луѓе.... никој не даде понуда за моторот, само сакаа да го гледаат. Дојде еден момак, не го ни запали да го чуе... изброја пари, си го зема и си го вози сега... Е на ова мислев кога го пишував текстот што ти боде тебе очи.
Така е Луки само што кај нас скоро секој продавач става сума поголема од таа што сака да ја добие (не зборувам за членот погоре со голфот) од причина што потенцијалниот купувач секогаш се ценка да ја добие најниската можна цена.
Кога сме веќе кај голфот сигурно членот има лична причина зошто го продава, затоа можеби е попаметно да не го тупиме дали треба или не треба да се продава и каде е огласена. Јас лично му посакувам да си ја оствари целта (намерно не кажувам: да го продаде
) а голфот да заврши кај некој љубител на коли.
За жал во конкретниот случај таа е и последна цена, му се свиѓала некому или не. Огласена е и надвор, тука е само за awareness и за да има македончето за што да збори