Проблемите со ланче се решаваат бесплатно во официјален, а со лептирите е евтино решението. 325д нема поента пошто е послаб од 330д а исто троши и се одржува, а 320д има скоро исто сила.
Ако е под гаранција да, во спротивно не. А ако се скине ланче знае да однесе пола мотор со него еве доказ
https://www.youtube.com/watch?v=HQpQIi7gI_U Лептирите ефтино се решаваат се согласувам. Од 2008ма па нагоре 325d/525d имаат идентичен мотор како 330d/530d само со поинаков мапинг на моторот заради корпоративни придобивки (помала емисија на гасови и пониска царина/данок во одредени држави т.е. поголема продажба).
Силата на 320 и 325 им е слична на хартија во зависност од изведбата на 320ката (дали е со 163, 177 и 184 коњи) и 325ката (197 или 204), секако не сум имал шанса да ги споредам перформансите во живо, но брмчењето и вибрациите се ден и ноќ.
325d е златна средина заради горе споменатото и е најчесто многу блиску со продажната цена на 320d.
Клабери, нешто пропуштам јас или немате добро инфо и вие. Додека не постигне моторот работна температура - нема парно. Тоа кај мене трае минимум 7-8км или минимум 10 минути работа.
Знам дека некои мотори побрзо загреваат но мојот 2.4јтд не така брзо. Бензинците после 120 секунди си имаат парно, посебно понисколитражните. Ама колку што знам дизелот побавно загрева. Е сега затоа прашав за алукшури хитинг кој википедија го преведе слично како вебасто греење кое е друга приказна за парно одделно од топлата вода од температурата на моторот.
Јаа ли сум нешто недоразбрал?
Кај мене има парно за 2-3 мин возење со ладен мотор. Не верувам дека има вебасто. Кај i30ката 1.4 бензин значително подолго се чека да загрее парното.