Ова од искуство со нив пишуваш или генерализираш за сите автоплацеви?
За сите знам како е ме интересираше ако купил некој па да си ја проверувал колата или слично
Реков дека 90% од увезените коли кои се продаваат на автоплацевите кај нас се со манипулирана километража. Не велам дека нема да се најде кола со точна километража, ќе се најде, само многу мал процент се тие коли. Имам пријател кој лично има автоплац за увезени половни коли и знам како ги набавува. И тој самиот не гарантира за километражата а guess what, секоја кола има уредна сервисна книшка. Колите во МК од автоплацевите што се увезуваат се најмногу од Италија и Бугарија, велам најмногу а помалку од другите земји. Причина за тоа е затоа што таму се најефтини а во Бугарија особено од две-три коли се склопува една и кај нас доаѓа на пазар ганц нова, само што изелезена од салон.
Пример еден ќе ти наведам: близок пријател кој веќе 12-13 години живее и работи во Италија, купува Пежо 307 мислам дека беше, од газадата во фирмата каде што работел. Газдата одлучува да продаде се и да оди за Швајцарија а пошто колата му била возена многу малку со поминати 40000км, купена од салон, уредно сервисирана пријателов му ја купува колата. Арно ама, после поминати 20000км колата почнува да троши уље ненормално, правен еден ремонт на моторот, после тоа истиот проблем, правен втор ремонт и после тоа пак исто. Колата си имала некоја фабричка маана. Пријателов иако Македонец, поштен човек, не сака да ја продаде колата и да заебе некој друг а со поминати некои си 70000км оди во некоја фирма која се бави со откуп на стари коли, претежно за делови да ја продаде. Пак ќе кажам со цел да не се продаде на некој друг туку да се даде за делови. Од фирмата му викаат дека одма ќе му ја земат колата. Додека му средиле папирологија овој искача да си оди колата веќе била качена на камион со други коли. Прашал каде ќе се носи колата и му рекле во Бугарија. Голема е веројатноста таа кола да завршила кај нас на некој автоплац. Е сега, иако таа кола има реални 70000км и некој ја платил солено кај нас фактички купил мачка во вреќа. Ме мрзи уште да пишувам можам да ти кажам и други примери.
Мој совет ти е, не купувај кола кај нас од авто плац, не купувај кола од странство од авто плац. Купувај само од човек во странство, колку толку посигурно е одколку од авто плац или од проверен човек кај нас.