Да бидеме малку по конкретни:
100.000км = 150.000км
140.000км = 200.000км
169.000км = 350.000км
194.000км = 450.000км
200.000км = 500.000км
249.000км = 700.000км
Лево ви се километрите прикажани на инструмент табла, десно се реално поминатите. Бројките се ориентациони и многу често се блиски до реалните.
Сервисните книшки најчесто се купуваат бланко пополнети само со печати и можеш да си внесеш што сакаш во нив.
Тоа што го рекламираат како Уникат, Единствено ФУЛЛ, НАЈФУЛЛ обично е избегано од преса и купено од отпад. За тумбани и составувани возила не дискутирам. Таму работата е бетер.
Најчесто возилата имаат поминато детајлинг третман на ентериер и каросерија и делуваат како нови.
Нормално ретки се исклучоците и може да начекаш и добро возило кај дилерите, ама тоа е исто како да изгребеш Пасат на грепка во Лотарија.