Имам прашање, еве пред 1 недела положив и сега гледам што количе да си купам. Немам многу познавања ама со читање се трудам да поднаучам по нешто. Критериумите сопред кои барам возило се:
1. Dizel
2. Мала потрошња и да е евтина за регистрирање, нели помалку kw е поевтина регистрацијата
3. 5 Врати
4. Произведена од 2002 година па навака
5. Расположлив буџет 3000евра
6. Евтина за одршување.
Е сега јас прво бев за Фиеста 1.4 TDCI ама разгледувајки , ми се бендиса поголемата варијанта на фиестата а тоа е Fusion 1.4 TDCI.
Сакам ваши сугестии за модел на возило, или доколку ми е добар изборот да ми препорачате некој оглас за добро сочуван Fusion, и да ме посоветувате на што да внимавам при купување на овој модел на автомобил.