Кадилак го сметаат за најлуксузен американски автомобилски бренд во САД. Ако Опел Омега Б се класифицира како екстра-луксузно возило... Шта речи?
Опел Омега е релативно луксузно возило.
Двојна автоматска клима, независна суспензија напред и назад, големо меѓуоскино растојание, голем в6 мотор во најсилната изведба, кожа, природно дрво, еден куп сензори и електронски системи кои биле релативно напредни за неговото време, итн. Тоа е мал список од стандардната опрема.
Опел што е релативно потценета кола која нема претензии да биде премиум марка во Европа. А во америка, најпремиум американските возила имаат народни цени.
Различен е концептот на премиум во Америка и Европа. Еден обичен работнички пик ап трак има кожа двозонска клима, в10 мотор, греење на седишта и на волан, навигација, сарануд систем. Во Европа е егзотика и премиум со таа опрема.
Во Америка е работнички коњ со приклучок за ринење снег, селективен 4х4 погонски систем, редуктор за брзи и бавни, блокада на диференцијал, итн.