Ајде совет. Колата наводно имало поминати 60.000 км, и можела да се однесе у сервис да се провери. Огласот наводно згрешен
За дедо ми е. Ја пробал, вика океј је.
Што мислите?
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1640117-HYUNDAI-GETZ-1-3-registr-klima--04
На Кими Р мислам дека е ист ваков,може да ти даде информација до прва рака.
Мојот е фејслифт и има 1.4 мотор, меѓутоа од она што го иам читано и слушано од сопственици е дека и на 1.3 моторот во конкретново хјундаи и 1.4 моторот во моето хјундаи им тропкаат вентилите или подизачи како му доаѓа тоа на прв старт коа е ладно надвор, на ниет бев да прашувам на форумов за истата работа, пошто и кај мене почна да јавува мало тропкање во првите неколку секунди од кога ќе ја запалам колата, а притоа надвор да е испод 10 степени.
Иначе, генерално количето е супер, одлично е за низ град, прегледно е, стартно е, лесно за маневрирање и паркирање. Не знам како е 1.3кава на отворен пат ама моево со 3-4ца у кола стража си ја качувам без проблем у 4та. Со потрошња е околу 8 низ град, зависи во кој период од годината и во кој период од денот, на отворено 6, при брзини од околу 120-130. Ентериерот му е малце пластичен, малку појЌе додуша, али не е драстично полош од останатите у класата, еве после 5 години се раскрцаа некои пластики, додуша од лани зимото почнаа да покажуваат знаци, али летно време се смирија, можеле подобро ентериерот, али колку пари толку музика. Се на се, одлично градско количе кое што неколку пати у годината ќе се прошета до охрид, грчка и слични дестинации. Ако те интересира уште нешто слободно пиши.
едит: јас прв пат гледам гетц со 3 врати во македонија, досега имам видено само еден ама фејслифт. Провери да не е од увоз.