Некој бараше 2-3 години старо возило со километража до 100 илјади, еве го цитроенчево е супер понуда. Не ми се допаѓа што нема ксенон, а пишува највисоко ниво на опрема, па во оваа класа, веќе во второ ниво на опрема треба да има ксенон, а камо ли у највисоко. Бандажите, само мене ми изгледаат помали од 17ки или гумите дека се високи па праат оптичка варка?
@Smole, зашто ти сметаат фабрички ознаки(букви) на возилото?
Не знам што те чуди, ни VW во Highline пакетот немаат ксенон фарови со леќа...
Обично ксенон, кај повеќето коли иде во додатна опрема и доста е скап...
Значи правиме муабет за повиска класа на коли, не зборувам за голф, аурис, цивик и тако даље. Прајме муабет за ц5, пасат, акорд, мондео... класа на коли кај кои што веќе почнуваат луксузните работи за помалата класа на коли, овде да стануваат нормална опрема. Кај Суперб, Акорд, Мазда 6, Мондео не се доплаќа за ксенон, односно би ксенон светла доаѓаат со второ или трето ниво на опрема.
Ми ја сфативте поентата сега?