Ало шо зборите бе?! Не е ова бренд за чоколади па да речеш дека имаат лоши чоколади болело стомак од нив. Овде се работи со половни возила и ако имаш знаење и среќа ќе ти се погоди. Треба добро да се процени возилото пред да се купи. Тие возила што седат во интегра може да седат и на друг плац. Иначе на плацот на интегра има преку 10 дилери со свои возила. Си плаќаат неделно по 5 евра од возило. Има некој дилери шо пазат што купуваат со цел за задоволен купувач, побрзо продавање и мирен сон. Има некој стоки шо не им е гајле во каква состојба е возилото него гледаат само да имаат шо пониска цена за истото. Никој не ти е крив ако неможеш да процениш добро возило. Али у секој случај ако сакаш по асално треба да си платиш.