ја гледам за дома нешто ми треба до кај 3к да има или 5 врати или караван или моноволуменец некој, чале е главен на оваа ствар и му го покажав на онак шифоњерот не му се свига

е сеа, вчера гледав кај ауто милано една зафира и мазда премаси, не ми оставија некој впечаток, маздата кога ја запаливме се тресеше скоро цела (дали дека стар тип на дизел дали не ја бива не знам) али не ми напраи мерак,
зафирата се изнамачивме да ја убациме во брзина.
гледав и една а класа фејслифт во драчево, не ми остаи впечаток за понова кола 2002ра беше, и некако многу беше бучен моторот (не сум возел друга 170 цди така да не знам дали е нормално тоа) и плус моторот дуваше од цефката, и дечкото ме убедуваше дека мора моторот да дише, лошо било ако бело чадел иначе да дише морал

и ја повозевме, исто заглавивме на една кривина не можевме во брзина да убациме
и една во а класа 160 мислам беше во н.лисиче, добра од надвор изгледаше, али внатре цела раскрцкана премногу, и паѓаа вртежите кога ќе стиснеш кумплуг
денес, една лагуна во радишани, неувезувана ово оно перфектна состојба вака така,
стварно колата од надвор и внатре си беше топ за километражата и складно за истата али моторот замастен доле и кај капачето за вода имаше остатоци од нешто. пошто некои дечки ја возеа пред нас, го подотворивме капачето, искочи притисокот (нормално) и внатре почна да врие водата и да се качува нагоре...
ова беше дихтунг на глава од мои лаички механички знаења
плус му викаме за проверка на мајстор, вика ако сакате тука во околина ако имате некој, далеку не ми се иде со секој,
добро викам ке си платиме и бензин и се, не не вика.
ок
а тоа дека сум нов во ова нов сум вчера ми кажа стариот дека треба да бараме,
имаше неколку добри лагуна караван, меган караван од фирма некоја, а класи итн итн али тие изгледа стварно беа добри и веќе си ги вози некој нов сопственик. така да потрагата продолжува, ќе известувам од терен
