Малце потешко две. Ај баш побарај која е цената на JDM со помалце од 100.000км (60000 милји). И тоа мојата е 99та декември, а повеќето ќе бидат бар година постари, иако тоа не е најбитно.
На ограничен пазар мислев на пазарот каде може да ја пласираат колата. Пример, германско ауто може да го огласиш на mobile.de и потенцијалниот купувач да биде од цела Авропа, па и Азија.
Ама погледни и од другата страна.
Кога продаваш кола со лева страна волан имаш истовремено уште 100 возила кои се продаваат, исти како твоето. Осумдесет имаа цена 2000 евра пониска од твојата, 15 иста, 5 повисока. Дали мислиш дека полесно ќе ја продадеш колата со толкава конкуренција и такви цени, иако имаш еден куп потенцијални купци, или ако си во Англија и ти ја продаваш за истата цена, а Џон и Мајкл ја продаваат 2000 поефтино ама не ги бива баш колите, а Мајк ја продава за малце поскапо?
Цените кај нас ти се класичен пример. Кога немавме голем избор на половни возила, цените беа релативно високи. Сега со донесувањето на кршот, некој пре би купил канта од БМВ од 3000 евра, отколку неувезено со малце километри Пежо 206 за истата цена. (цениве ги лупам) Ете и уште една Интегра се продава кај нас, за многу пониска цена мислам. Замисли да увезеа 15 такви, јас мојата ќе требаше само малце поскапо да ја нудам ако сакам полесно да ја продадам.