Дај боже да немаш никаков проблем, сигурен сум и дека максимум пазиш на временски интервал за промена на масло (во смисла 1 год/10.000-15.000 км) и само така ќе придонесеш да избегнеш потенцијален проблем.
Проблем на овие коли од увоз (конкретно за 1,5 хди) е што се сервисирани на 30.000 км или две години. Неколку сервисни имам видено со три печати, колата има 100к км, и после ти мисли му ја, тука има голем ризик да ти се случи „беља“. Кај нас се продаваат претежно со км од околу 150.000 км
Баш гледав споредба на отворени глави од 1,6 хди и 1,5 хди, страшно е до кај отидоа со „downsizing“ на моторите.