Темава е за Интересни понуди на користени возила
Јас барам аутоматик кола периодов, и како налетувам на коли, да споделам искуство. Може некому ке му заштедам време на форумов

Ако има друга посоодветна тема, кажете.
Вчера гледав и возев Мерцедес А180 од 2005 година. Аутоматик, 119.000 км на оглас, зелена боја.
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/mercedes-benz/%D0%90-%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0/A-180/prodazba/skopje/centar/mercedes-a-180-vo-odlicna-sostojba/6359587Ако некој е заинтересиран, колата целата е фарбана. Задна десна страна е удрена, се гледа дека е поправана кај кровот.
Задна десна врата не отвара.
Има некој проблем со централното заклучување, работи, ама тропа некако чудно.
Парно, 1, 2 и 3 брзина не работат 4 и 5 работат. Дечкото вика лесно се поправало, спојка било.
Моторот многу се мрда, мислеш ке излета.
На компјутер Check Engine свети и ESP порака. Колата не оди над 120 на автопат заради тоа. Човекот вика 80 евра било поправка, ама не одговори зошто не го средил до сега.
На компјутер излегоа неколку грешки, мајсторот рече не можам да знам што се може да е проблем додека не се среди ова со ESP.
3.900 евра крајна цена ми понуди. Човекот се нафака да го среди тоа ESP за 80 евра кај некој си Влатко.
Ја повозив, и супер вози колата. Автоматикот супер работи.
Мајсторот кој ја проверуваше не ми даде зелено светло да ја земам.
На шал табла има 119.000 км, ама ми рекоа дека личи колата дека има многу повеќе поминато од тоа.
Тоа од мајсторите.
Јас, со моето лимитирано познавање, се откажав кога видов дека колата вози гуми од 2009 година.
Според мене никој нормален не би возел толку стара гума на кола која ја вози за сопствена употреба.
И така.