Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4036070 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • Пиши лаже
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26670 на: 01 Август 2023, 20:04:50 pm »
Платата е само за преку банка де, одма па и вие ...
Не е се во парите, има нешто и во Телеграмот и БиткоЈновите.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that



Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26673 на: 02 Август 2023, 22:40:29 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4738712

Мислење за овој тип на форд мондео, механика/мотор.
@DimitarMK ти мислам дека имаше вакво.

edit: @t0m1cA ова е вашиот форд? Глеам иста регистрација.
« Последно менување: 03 Август 2023, 00:47:04 am bear »
Никогаш не вели никогаш.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26675 на: 03 Август 2023, 09:17:45 am »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4738712

Мислење за овој тип на форд мондео, механика/мотор.
@DimitarMK ти мислам дека имаше вакво.

edit: @t0m1cA ова е вашиот форд? Глеам иста регистрација.

Не е нашиот, ама иста шаржа е хаха, нашиот е 730 бројка.
Тој Форд е најудобната кола во која што сум се возел.
Од кај да почнам...
 - нежни дизни, од кога е купен до ден денес татко ми му става 2Т на секој резервоар;
 - моторот е мазга и тегне како луда колата;
 - нема ДПФ со тоа и помалце проблеми;
 - моторот е на ланче кое што не сме го смениле и не правело проблем, сега има некаде 175к км Фордот мислам;
 - затегачот за ПК каишот го менувавме во комплет со каиш уште кога ја купивме протропа и беше солен, околу 200еур;
 - шајбна на радилица 2 пати менувавме, се сјебуваше ради компресорот, не разбира стариот дека треба 2-3мин пред да изгаси кола да изгаси компресор;
 - перката напред уште првото лето откажа и таа 200еур изеде;
 - не е маслојад моторот, ама скоро 6Л масло збира;
 - нормална потрошувачка, отворено дури и ниска, околу 5,5-6л, град пепел 8-9л;

Тоа би било на кратко, не знам што друго, кога би купувал татко ми пак, пак истиот избор би го направил. вика заборавам на сите дупешки кога ќе седнам на долг пат да го извозам.
Ценава на овој Форд мене ми е сумниво ефтина, ама треба да се види во живо.

ЕДИТ: Најбитното го заборавив, греачите на предна шоферка, боооооо, ништо не ми правеше кејф како нив во зима :D

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26676 на: 03 Август 2023, 09:51:00 am »

 - шајбна на радилица 2 пати менувавме, се сјебуваше ради компресорот, не разбира стариот дека треба 2-3мин пред да изгаси кола да изгаси компресор;


Не разбирам. Зошто да се гаси компресорот пред да се изгаси колата и каква врска има тоа со шајбната на радилица?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26677 на: 03 Август 2023, 10:01:41 am »
Компресорот се гаси првенствено за да го заштитиш истиот и малку да издува внатре топол воздух ради каналите и стварањето на влага, мувла, грд мирис и слично.
Ми објаснуваше другарчево што ја сервисира како страда шајбната, ама искрено сум заборавил, го пишав како проблем што го имала колата.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26678 на: 03 Август 2023, 10:06:38 am »
- Клима не пуштам дур не постигне возилото работна температура
- Обавезно ја гасам 3-5 минути пред да паркирам и оставам вентилаторот да дува за да превенирам влага
- Ако е ептен пекол кога ќе влезам, ги отворам сите џамови, пуштам клима и активирам клапна за рецирклуација 3-5 минути
- Менувам полен филтер на 6 месеци
- Ја пуштам климата НАЈМАЛКУ еднаш месечно (за зимно време правам муабет) 5-10 минути, колку да проциркулира уљето низ компресорот. По гаснењето, оставам 3-5 минути вентилатор, ради влагата

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26679 на: 03 Август 2023, 10:41:49 am »
Ти ја претера сега со работната температура, па и 3мин порано ако ај исклучам тамам жива вода да излезам од кола.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26680 на: 03 Август 2023, 10:55:43 am »
Зимно време е најпаметно да се пали колата пред спиење за да е топла сабајле и да се превенира собирање мраз на стаклата.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26681 на: 03 Август 2023, 11:10:49 am »
Луѓе, терајте како мислите дека треба.

Јас си кажав јас како правам, не ве терам исто да правите.

Боже сачувај е станата ситуацијава на форумов, одете на одмори, ебнете нешто, anything...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26682 на: 03 Август 2023, 12:08:09 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4738712

Мислење за овој тип на форд мондео, механика/мотор.
@DimitarMK ти мислам дека имаше вакво.

edit: @t0m1cA ова е вашиот форд? Глеам иста регистрација.

Моето искуство со Мондеото кое го имав не е толку позитивно, во главно поради тоа што беше неодржувано прописно и поради тоа дадов 1300 евра на делови и поправки во нецели 2 години, во кои поминав околу 25.000km. И пак имаше уште за давање за да се вози раат долгорочно.

Генерално има добра вожња и е стварно комотно возило. Слаба точка се спирали/амортизери и кочници иако би требало на фејслифтот колниците да се решени. Бензинците се маслождери, страдаат уљените карики и за жал и бензинците имаат двомасен замаец кој морав да го променам.

Но најважното и покрај сите проблеми кои ги имав не ме остави на пат никогаш, дури со пукната спирала и цела кола пропадната од една страна успеав да довозам и однесам на сервис  ;D

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26683 на: 03 Август 2023, 12:59:06 pm »
- Клима не пуштам дур не постигне возилото работна температура
- Обавезно ја гасам 3-5 минути пред да паркирам и оставам вентилаторот да дува за да превенирам влага
- Ако е ептен пекол кога ќе влезам, ги отворам сите џамови, пуштам клима и активирам клапна за рецирклуација 3-5 минути
- Менувам полен филтер на 6 месеци
- Ја пуштам климата НАЈМАЛКУ еднаш месечно (за зимно време правам муабет) 5-10 минути, колку да проциркулира уљето низ компресорот. По гаснењето, оставам 3-5 минути вентилатор, ради влагата


Плинмонт (Не Плимонт) што се уствари и сервисери за клима, ме посоветуваа дека најдобро е да се пали климата кога ќе ја стартуваш колата.

Муабетот е маслото во компресорот (подмачкувањето) ќе се загрева кога си на ниски обртаи.

Да речеме, најлошо е да ја запалиш колата, ете си постигнал работна температура и возиш на 2000-3000 обртаи и ти текни клима ќе уклучам.

Компресорот „не загреан“ треба да врти на тие обртаи, тоа е исто како да ја турираш колата кога е ладна.

Еден компресор татко ми заеба правејќи вака.

А за тоа за миризбата, има сега спрееви се решава тоа :) Порано беше проблем.

Јас возам цело време со уклучена клима на двете коли. Зима-лето укучена е.

Целта на климата не е само да лади.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26684 на: 04 Август 2023, 14:01:26 pm »
Кај мене ова лето климата е на Ауто, најчесто помеѓу 21-22C и не ја гасам пред да изгасам кола, нити чекам колата да загрее за да уклучам.

Единствено приметив пред некој ден кога ја запалив колата, компресорот пробуваше да уклучи, но неуспешно. Колата стоеше изгасена пола саат, а претходно имаше постигнато некоја работна температура од ~105 C бидејќи стоев саат време во колона со уклучена клима.

Веднаш штом падна работната температура се уклучи компресорот и почна да лади нормално - или нешто откажува или има некоја заштита од преоптеретување/прегревање..