Клабери, братучед сака да купи "комбесто" возило, па сакам да му поможам, барем со информации. Се бара бензин, бензин/плин.
Прв избор е цитроен ксара пикасо. Како е покажан овој модел? Гледаме бензинци само 1.6 и 1.8 има по огласи. Кој мотор е подобар? Некои карактеристични мани и дефекти.
А и предлог за друго возило/модел.
Моите имаа Citroen C4 Picasso 1.6 HDi производство 2009 година. Го купивме половно со околу 110.000км во 2017.
Веднаш на почеток превентивно сменивме ламела, бидејќи беше доста евтина.
Се возеше секојдневно од кога се купи.
За 4 години Поминавме уште 115.000 км.
Без ниту еден дефект за тие 4 години, Само мали редовни сервиси, нафта и вози.
Го продадовме со околу 230.000км
Иако дизел во Зима палеше од прва на минус 20
Слободно можам да кажам. Право магаре од кола. со многу простор внатре, фиоки за оставање работи.
Ќе се сложам со РТС Сат дека внатре е права дневна соба.
1.6 HDi дизел апсолутна препорака, и смешно мала потрошувачка.
Совети:
1. Барај модел со 1.6 хди од 2009 год нагоре (бидејќи по оваа година веќе се отклонети и најмалите мани)
2.
Избегнете аутоматик менувач3. Најдете каросериски што поздрав примерок, кој не е фарбан.
4. Обавезно проверете километража на CarVertical
Еве што велат Eмисија SAT. Во првата минута се збори за C4 Picasso, а потоа и за новиот модел. Бидејќу сум возел, апсолутлно ќе се сложам со нив.
https://www.youtube.com/watch?v=FJ6fslVAnyk