Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Веке 2 години Олимпија и Ауто Велт ми пракаат промоции, и од време на време погледнувам што коли се нудат.Очите ми испаднаа по Мерцедесот https://autowelt.mk/vehicles/688469-mercedes-benz-glc-klasse-220cdi-194hp-4-matic-9g-tronic-automaticи Стелвио-то https://autowelt.mk/vehicles/C36137-alfa-romeo-stelvio-22td-190hp-at8-automaticХипотетички, кога би имале пари да купиме, кое би го зеле ?Едит,Јас за наредна кола сакам повисоко нешто од Мондеото, со Автоматски менувач, но од оние ниските, или кај воланот, како кај Ауди или Мерцедес, а не како рачка, како кај БМВ или Стелвио-во. Адаптивен темпомат по можност.
И двете се многу извозени за таа цена, дефинитивно колите на пазар не вредат ни 2/3 од нивните огласени цени. Бара 50 000 евра за кола 4 години стара и со 110 000 веќе извртени, бреј.
Ахаха сега видов дека мерцедесот е 20000 евра поскап. Каков муабет.
Проблем е што во цената влегуваат едно 10К € давачки кон државата и уште 3000€ за продавачот.47К за ГЛЦ...Деновиве баш разгледував по огласи,БМВ 530ка,некоја плава боја лудница,со 70Ккм за 34К€...Проблемот е шо ако се јавам на банка за пари ќе ме убијат.
Сосема неповрзано, знаете дека новиот Фокус кој се нуди на промоција во Форд сo 1.0 мотор е 27.500 Ке биде тешко да се навикнеме на новата реалност.