Еве јас како размислувам (сметам дека е здраворазумски и
@Vlatce-Vectra ќе се согласи)...
Ја имам таа сума, ми треба фамилијарно возило.
Прво - меракот го ставам во втор или трет план, ма колкав бил. Самиот буџет и намената на колата го диктираат тоа. Зошто? За да се заштитам од идни главоболки.
Мерцедес со пола милион километри...? Да стоел само 20 години, во воздух да вртеле тркалата, ќе мора да му замениш се што е гумено. Прво. А каросериски?
Второ. Семејство. Сериозно би земал во предвид караван, пошто седан кола, по мене е бескорисна. Освен ако не е хеч, како Суперб, на пример. Ама, за 3500 евра, Суперб, тешко.
Дизел не би ни погледнал, тоа е јасно. Освен издркан, со 500.000 километри, не може да биде никаков друг.
Ако ептен би ми се поклопиле ѕвездите и хороскопот, на мерак и Мерцедес со пола милион на саатот, би размислувал само ако ја знам колата, во детали (роднина продава, другар, комшија и сл.). Се друго е бесмислено за мене, на таа тема.
Има и други коли освен Мерц, БМВ и Ауди.