Денес бев да го гледам ова возило во Скопје, за моите дома во родниот крај:
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4026231Впечатоци:
- каросериски гледано, возилото е стварно сочувано, бојата е во одлична состојба
- кругот на вртење е прилично мал и за градски средини е одличен
- куплунгот е доста мек (или би рекол поточно - нормален, како што треба да биде) и досега не е сменет замаец
- сменети се предни амортизери, јабучици, акумулатор, предни кочници и плочки и рамнети добоши назад
- има атестиран плин и се наоѓа на местото од резервната гума
- си има кровни носачи кои се додадени и посебен клуч за нив
- два кодирани клуча и еден кој не е кодиран
- ланчето не е досега сменето (има 214ккм)
- по потреба уклучува 4х4 погон
- климата веднаш лади и фреон не е сменет две години
- мал сервис бил правен на секои 5ккм
- потрошувачка на плин била 11л/100км во Скопје
Забелешки (најверојатно субјективни):
- од страна на ентериер не добиваш нешто многу - нема далечинско заклучување, нема електрика на задни прозори, нема магленки (барем во тој момент)
- при палење се слуша некој затегач или ролер од алтернатор дека шкрипи, потоа си работи најнормално
- лер гаста беше доста нерамномерна на почеток, веројатно бидејќи пали веднаш на плин
- продавачот (приватник, не плац) бил туристички водич кој шетал патници низ Косово и Македонија со тоа возило, па го продава бидејќи му требало поголемо за таа работа
- при возење постојано свети check engine поради плинот, според објаснување на продавачот. Штом се ставело плин, не можело да се исклучи тоа. (земено со резерва)
За потребите и преференците на моите ова е скроз океј, има клима, има гориво и масло во возилото, исто како што направи
@Diesel . Секако татко ми ќе може уште 3 години макс да вози. За себе не би го купил бидејќи .. не е за мене, просто кажано, други барања имам
Пишете што мислите и за описот и забелешките и се разбира цената.