Секоја екстензивна модификација особено на ентериер кај мене покренува многу извичници и прашалници.
Да речеме дека не е удрена туку човекот си сакал м-браници, ок ама дали се оригинал или ко ќе закачиш ивичњак ќе се распаднат и ќе се отворат сите воздушни перничиња?
Сменил издув...ок ама у гаража кај Баце или кај некој реномиран произведувач што знае што прави и има соодветни сертификати, дали се извадени DPF и CAT ај да речеме извадени (иако е блуд и можно е да не може да се регистрира) тогаш дали е соодветно компјутерски адаптиран моторот да работи со новиот издув?
Модифициран ентериер...обложено со нови материјали...ај можда му било мерак, ама ќе се отвори ли странично воздушно перниче како што треба или новиот материјал не е наменет да има воздушно перниче под него? Можеби била во судар, поплава или пожар колава па морало да се мења ентериер?....итн итн.
https://www.facebook.com/AutoPlaceSkopje/posts/2418672508202840 еве го огласот, десното крило и браникот имаат иста нијанса додека левото крило и хаубата двојат од браникот ептен, исто како и капачето кај што се закачува кука за влечење на преден браник...слики се може грешам, ми се случувало на слики да изгледа фабрика а во живо 50 shades of gray и обратно. Може и ентериерот е оригинал нов и/или позајмен од др кола, не знам, можам само да шпекулирам, ама мене ми изгледа како да е склапана од 2-3 коли.
Јас би заобиколил ,,custom/модифицирано'' ауто со гоолем лак освен ако не станува збор за некој реномиран тјунер како Alpina, Ac Schnitzer, G-Power, Brabus...итн.