Кола на лизинг не е секогаш најисплатливиот избор и не е изборот што го прави мнозинството од народот.
За кој народ збориш?
Кај нас во Македонија, со платите кои што ги имаме во просек, не е баш исплатливо. Меѓутоа има, луѓе кои што можат да си дозволат кола на лизинг и кај нас.
Во Германија, на секоја петта кола земена на лизинг има една што е купена.
Поентата на мојот муабет беше во тоа што, професиите како доктор, адвокат, брокер, програмер и слично, кои што асоцираат на висока плата (намерно велам асоцираат, затоа што не е секогаш така) повлекуваат и возење кола на лизинг.
Нема ништо лошо ако плаќаш 200/250 евра рата на Шкода Суперб напукано со опрема, и притоа речиси и да не ти треба учество за да ја земеш. За во Германија, зборам.